Артета го искоментира потегот на Емери: Не ми е важно…

December 31, 2025
1 min read

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше воодушевен од победата од 4-1 над Астон Вила во натпреварот од 19-тото коло на Премиер лигата.

Запрашан за реакцијата на менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, кој влезе во тунелот веднаш по последниот свиреж, Артета одговори:

„Не е проблем. Понекогаш се наоѓаме во такви ситуации, па затоа не ми е важно“, рече Шпанецот.

Тој не го криеше своете задоволство од она што го виде на теренот, од шансите кои ги создадоа неговите момци до реализацијата.

„Одлична вечер. Беше многу тежок натпревар, токму како што очекувавме. Тие се многу силен противник“, рече Артета.

„Во првите 10 минути игравме малку неодлучно и мораше да се адаптираме. Мораме да им оддадеме признание на нашите противници – тие успеаја двапати да го надминат нашиот притисок и да организираат напади во кои се многу опасни. Но, потоа ја презедовме иницијативата и почнавме да создаваме шанси“, рече шпанскиот специјалист, па додаде: 

„Второто полувреме го започнавме на неверојатен начин, станавме поактивни и бевме ефикасни во секоја акција. Моравме да бидеме многу внимателни и прецизни во нашите одлуки кога и што да правиме. Голема заслуга им припаѓа на моите играчи бидејќи не е лесно против овој тим.

Создававме многу шанси во последните неколку недели, но денес разликата беше очигледна. Во другите натпревари мораше да се бориме за голови за да победиме, но денес квалитетот на шансите беше врвен и тоа е она што го одлучи исходот од натпреварот“, рече тренерот на „топџиите“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Визија, искуство и надеж: Омерагиќ се сретна со Влатко Андоновски

Следно

Новогодишна честитка од Македонски весник „Илинден“ за 2026 година

Latest from Blog

Совршен десерт за студени денови: Зимски „Crumble“ од јаболка и овесни снегулки

Овој зимски „crumble“ е совршен десерт за студени денови – топол, ароматичен и хранлив. Комбинацијата од сочни јаболка, цимет и крцкав овесен посип создава баланс помеѓу удобност и здравје, а се подготвува

Новогодишна честитка од Македонски весник „Илинден“ за 2026 година

Редакцијата на Македонски весник „Илинден“ упати искрени честитки по повод Нова 2026 година до своите верни читатели и до сите граѓани ширум светот. Почитувани читатели,Благодариме за вашата поддршка, доверба и интерес што

Визија, искуство и надеж: Омерагиќ се сретна со Влатко Андоновски

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со Влатко Андоновски, поранешен селектор на женската фудбалска репрезентација на САД и актуелен тренер во Канзас. Омерагиќ ја опиша средбата како драга

Нетанјаху: Постигнавме неверојатен успех

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападите на Израел врз Иран помогнале Иранците да го спречат извозот на тероризам во Соединетите Американски Држави. Појавувајќи се во емисијата „The Record With Greta Van
Go toTop