Се чини дека проблемите за најтрофејниот англиски клуб нема да завршат наскоро. Тренерот на Ливерпул, Арне Слот денес потврди дека Флоријан Вирц и Конор Бредли се надвор од екипата поради повреди.
Холандскиот стратег изјави дека двајцата фудбалери имаат полесни повреди на мускулот и ќе го пропуштат натпреварот против Нотингем Форест овој викенд. Голем проблем за Слот е отсуството на Џереми Фримпонг, па во моментов Ливерпул нема ниту еден здрав десен бек.
Во периодот од 22. ноември до 13. декември Ливерпул ќе одигра седум натпревари. Се очекува Бредли да ги пропушти сите тие натпревари и да биде спремен за дуелот против Тотенхем кој ќе се одигра на 20. декември, а Вирц ќе се опорави малку порано и ќе заигра на натпреварите против Лидс и Интер на почетокот на наредниот месец.
Извор: vecer.mk


