Апсења во Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба поради дрога

May 2, 2023
1 min read

Во текот на вчерашниот ден биле приведени пет лица во неколку полициски акции на територијата на Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба.

Најпрво во 11.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ф.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 13.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А.С.(22) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 16.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода К.Б.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Во 19.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(23) од Кавадарци затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Во 22.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.З.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок, информира МВР.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерство за надворешни работи на Палестина: Израелската Влада одговорна за смртта на Кадер Аднан

Следно

„Кумот“ на вештачката интелигенција си даде отказ од „Гугл“, вели дека последиците од ваквата технологија можат да бидат прилично страшни

Latest from Blog

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop