АНКЕТА: Орце Ѓорѓиевски со убедливо водство пред противкандидатите за градоначалник на Скопје

September 19, 2025
1 min read

Според последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, има убедливо водство пред останатите кандидати. На прашањето за кого ќе гласаат на локалните избори, 29% од испитаниците се изјасниле за Ѓорѓиевски, додека 29,6% се неопределени. Каја Шукова од СДСМ добила поддршка од 8,1%, Амар Мециновиќ од Левица 7,3%, Башким Бакиу 5,9%, а Горан Марковски исто така 5,9%.

Анкетата покажува дека Орце Ѓорѓиевски има поголема доверба од првите четворица кандидати заедно, вклучувајќи ги Шукова, Мециновиќ, Бакиу и Марковски. На прашањето која партија сметаат дека ќе победи на локалните избори, 42,6% од испитаниците ја посочиле ВМРО-ДПМНЕ.

Состојбата во градот, според анкетираните, е загрижувачка: над 50,3% сметаат дека Скопје се движи во погрешна насока, а 38,2% веруваат дека животот во градот е полош отколку во изминатите години.

 

Што се однесува до советничките листи, 24,2% од испитаниците би гласале за советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 7,7% за СДСМ, 5,8% за Левица и 2,2% за Граѓанската платформа „Независни заедно“.

Анкетата ги отсликува моменталните тенденции во главниот град и ја покажува јасната предност на ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски пред останатите кандидати.

Извор: Курир.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

БРАКО продолжува да помага: болницата во Велес доби современа медицинска опрема

Следно

Николовски – Биркланд: Царината е посветена на јакнење на трговската соработка со САД

Latest from Blog

Николоски: По Локалните избори нови мерки и поволности за купување на станови и куќи за младите

Владата по спроведувањето на Локалните избори ќе ги соопшти мерките за запирање на превисоките цени на становите во Скопје, но и во неколку други центри во државата. Фокусот е ставен на младите

Честитка од македонската заедница во Тирана за претседателот на Собранието, Нико Пелеши

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, од име на македонското национално малцинство во Република Албанија, му го честиташе изборот, за претседател на парламентот, на Нико Пелеши, кој често кажува дека „македонската заедница е прекрасна, вредна

КОЈ ГО ЗАТВОРИ? Осум години без базен во Пробиштип, отворен дури сега

Во Пробиштип неделава, градоначалникот Драган Анастасов – Ладич го претстави завршениот проект за реконструктуираниот затворен базен во ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип. Сепак, долгогодишните најавувања и тајмингот на завршување пред избори отвори

Ѓорѓиевски најавува современи велосипедски патеки по европски стандарди

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека Скопје наскоро ќе добие двојно повеќе велосипедски патеки, со што ќе се овозможи побезбедно и поздраво секојдневно движење за граѓаните. „Иднината на нашите

Детали за погребот на Роберт Редфорд: Церемонијата ќе биде приватна, без камери

Како што објави RadarOnline, добитникот на Оскар ќе има погреб кој е сосема спротивен на холивудскиот гламур. Последното збогување во кругот на семејството Ѕвездата од „Моја Африка“, која почина во сон во
Go toTop