Анкета на „Детектор“: Мнозинството граѓани се против внесување на Бугарите во Уставот и не очекуваат ништо позитивно од тоа

May 21, 2023
2 mins read

Според истражувањето, 56,1 отсто од граѓаните сметаат дека не треба да се промени Уставот и во него да се внесат Бугарите и останатите делови од народи за да се продолжи со преговорите со ЕУ. Наспроти нив, 27,5 отсто од анкетираните даваат поддршка за уставни измени. Мнозинството граѓани не очекуваат ниту нешто позитивно од уставните измени. 54,5 отсто велат дека уставните измени нема да имаат позитивни последици за земјата, додека 28,3 отсто сметаат дека ќе има

Мнозинство од граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот и покрај тоа што ова е услов за продолжување на преговорите со Европската Унија, покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според истражувањето, 56,1 отсто од граѓаните сметаат дека не треба да се промени Уставот и во него да се внесат Бугарите и останатите делови од народи за да се продолжи со преговорите со ЕУ. Наспроти нив, 27,5 отсто од анкетираните даваат поддршка за уставни измени.

Најголем дел од тие кои што поддржуваат уставни измени се етнички Албанци. Дури 79,3 отсто од етничките Албанци даваат поддршка на внесувањето на Бугарите во Уставот додека 72,4 отсто од Македонците се против. Поддршка на уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот даваат еден од десет Македонци или 11,2 отсто од анкетираните. Само 8,8 отсто од етничките Албанци се против уставни измени.

Три четвртини од граѓаните велат дека се доволно информирани за тоа во што се состојат уставните измени и најголемиот дел од нив стравуваат дека тие ќе имаат негативни последици врз земјата.

Анкетата покажува дека 75,4 отсто од анкетираните рекле дека знаат во што се состојат уставните измени наспроти само 17,3 отсто кои рекле дека немаат информации.

Дека уставните измени ќе имаат негативни последици за земјава сметаат 60,8 отсто од анкетираните, додека 19,1 отсто не очекуваат негативни последици.

И за ова прашање има прилично спротивставени ставови меѓу Македонците и Албанците, односно, 71 отсто од Македонците сметаат дека уставните измени би имале негативни последици за земјата, таков став делат само 31 отсто од Албанците, а 42 отсто сметаат дека нема да има негативни последици. Ваков став делат само 11,2 отсто Македонци.

Мнозинството граѓани не очекуваат нешто позитивно од уставните измени. 54,5 отсто велат дека уставните измени нема да имаат позитивни последици за земјата, додека 28,3 отсто сметаат дека ќе има.

И тука, мнозинството го прават етничките Албанци – 73,2 отсто етнички Албанци сметаат дека уставните измени позитивно ќе се одразат врз Македонија, спротивен став имаат дури 66,6 отсто од етничките Македонци.

Најголем дел од граѓани очекуваат опозициската ВМРО-ДПМНЕ да остане доследна и да не даде поддршка на уставните измени. Ваков став имаат 42 отсто од анкетираните додека една четвртина или 25 отсто очекуваат најголемата опозициска партија да го смени ставот.

Гледано по етнички групи, 45,7 отсто од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане доследна наспроти 43,3 отсто етнички Албанци кои сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе попушти. Дека опозицијата ќе гласа за уставните измени сметаст двајца од секои десет Македонци или 19,2 отсто додека секој трет Албанец или 33 отсто од анкетираните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени.

Најголем дел од граѓани не се согласуваат со уставни измени дури и во ситуација Северна Македонија да добие дополнителни гаранции. 45,3 отсто од анкетираните велат дека не би прифатиле промена на Уставот и да продолжат преговорите со ЕУ заедно со дополнителни гаранции кои би ги добила земјава. Поддршка за уставните измени во ваква ситуација даваат 35,7 отсто од анкетираните

И тука, сосема различни ставови имаат Македонците и Албанците. 57,9 отсто етнички Македонци се против промена на Уставот дури и во ситуација кога би добиле дополнителни гаранции додека 21,9 отсто велат дека во таков случај би дале поддршка за уставни измени.

Анализата на возрасната структура на одговорите покажува дека најголеми противници на промена на Уставот се повозрасните граѓани, додека најмало противење има кај младите.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај годинава врз репрезентативен примерок од 1 112 испитаници.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден: Членките на Г7 договорија заеднички пристап кон Кина

Следно

Излезни анкети по изборите во Грција: Водат конзервативците на премиерот Мицотакис

Latest from Blog

Франција БЛОКИРАШЕ ДВЕ ПОГЛАВЈА во преговорите на Црна Гора со ЕУ

Франција го блокираше затворањето на две поглавја во преговорите за пристапување на Црна Гора со Европската Унија, но се очекува Подгорица сепак да затвори три поглавја следната недела, потврдија дипломатски извори по

Мората се повреди, следува пауза од два месеци

фото: Como1907 (X) Шпанскиот напаѓач Алваро Мората претрпе сериозна повреда на мускулот поради која се очекува да отсуствува околу два месеци. Комо ја потврди веста денеска. Според официјалното соопштение од клубот, прегледите

Иран ја уапси добитничката на Нобелова награда Наргес Мохамади

Иранските власти ја уапсија добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, во петокот, соопшти нејзината фондација, повикувајќи се на нејзиниот брат. Фондата со седиште во Париз соопшти дека Мохамади била „присилно

Почната истрага за падот на спортскиот авион во Мавровското Езеро

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) почна истрага по падот на спортски авион денеска во Мавровско Езеро. Претседателот на КИНСИВ, Марјан Прпоски, за МИА изјави дека посадата на
Go toTop