Англија за “осум од осум“ и без примен гол за крај, конечно победи и Србија!

November 16, 2025
1 min read
ФОТО: England football team/FB

Вечерва се стави точка во квалификациската група К за пласман на СО 2026. Иако селекторот Томас Тухел комбинираше со составот, но таква Англија беше пресилна за домашната селекција на Албанија и победа од 0:2 и тоа со двата гола на Хари Кејн. Ова беше осми меч за Англија во оваа група и осма победа со неверојатна гол разлика 22:0, значи без примен гол.

Секој чест за Англичаните кои на Мундијалот ќе бидат меѓу ТОП 3 селекција аспиранти за титулата.

Србија под водство на новиот селектор Вељко Пауновиќ успеа да победи и тоа во Лесковац и тоа со 2:1 против Летонија. Гостите поведоа со голот на Гутковскис, за Катаи и Стаковиќ стрелаа за победа на домашната селекција.

Ова значи дека Англија оди директно на Мундијалот, Албанија ќе игра бараж а Србија ќе чека некоја друга шанса за пласман на некое следно СП.

Во групата Д исто така се одиграа два меча. Во Варшава, селекцијата на Украина со многу мака дојде до победа од 2:0 против Исланд и тоа со головите на Зубков во 83.минута и Гутсулјак во судиското продолжение. Па така Украина и официјално го освои второто место во групата и обезбеди бараж преку квалификациите.

Франција во истата група, без Килијан Мбапе, Франција го победи Азербејџан со 1:3 и стави печат на првото место во групата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Кинески вооружени бродови влегоа во јапонските територијални води

Следно

Николоски го отвори Виенскиот економски форум

Latest from Blog

Пеналите одлучуваа: Конго пред портите на Мундијалот!

ФОТО: Fecofa – Fédération Congolaise de Football Association/FB Фудбалската репрезентација на Демократска Република Конго се квалификуваше за Интернационалните квалификации за Светското првенство. Во финалето на африканскиот бараж, Конго ја елиминираше нигериската селекција

Николоски го отвори Виенскиот економски форум

Ја имав честа да го отворам Виена економскиот форум, објави на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Виенскиот економски форум (VEF) ја поттикнува економската соработка меѓу земјите

Кинески вооружени бродови влегоа во јапонските територијални води

Четири вооружени бродови на кинеската крајбрежна стража влегоа утрово во јапонските територијални води, објави јапонската крајбрежна стража. Пекинг, пак, тврди дека бродовите патролирале за да ги заштитат своите територијални права во спорните

На Дебарско Езеро одржан натпревар во спортски риболов на тапа, екипно најдобри рибарите од Приштина

Во организација на Спортското риболовни друштво „Трофта“ (Пастрмка) на брегот на Дебарско Езеро се одржа натпревар во спортски риболов на тапа. Учествуваа 15 екипи составени од по тројца членови   од неколку
Go toTop