Андоновски: Се бориме со напластена корупција во секоја област, тоа ги блокира иновациите и ги брка младите од државатa

September 19, 2024
1 min read

На гостувањето во емисијата „За или против” на Алфа ТВ, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потенцираше дека Владата се бори со корупција во секоја област, која негативно влијае врз развојот на државата.

-Работиме на дигитално поврзување на податоците меѓу институциите, што ќе ја зголеми транспарентноста и ќе помогне во спречувањето на корупцијата. Наодите од неколку ревизорски извештаи укажуваат на сериозни пропусти во управувањето со процесот на дигитализација од страна на претходната Влада. Ваквата неефикасност не само што ги фрустрира граѓаните кои очекуваат подобри дигитални услуги, туку и ги оптоварува државните финансии без да обезбеди очекувана вредност за вложените средства. Сегашното Министерство за дигитална трансформација веќе презема чекори за адресирање на овие проблеми и се спроведува детална анализа на сите релевантни извештаи, се подготвува акциски план за надминување на утврдените недостатоци, со цел да се надомести изгубеното време и да се постигнат конкретни резултати за граѓаните. Нашата цел е да обезбедиме транспарентно и ефикасно користење на јавните средства во иднина со што ќе се намалат коруптивните дејствија и процеси, истакна Андоновски.

Министерот Андоновски напомена и дека една од главните задачи на министерството е да се заштитат децата во онлајн просторот, односно младите да имаат безбедност, едукација и правилен развој во онлајн сферата.

-Ако сакаме да превенираме, компонентата која е најважна, е да вложуваме во раната едукација и заштита на децата, а тоа можеме да го постигнеме со заеднички напори и сили и само со вклучување на сите во процесот. Ваквите активности и новитети, како што е Националниот центар и слично можат да бидат точката која тоа ќе го промени, појасни Андоновски.

Министерот за дигитална трансформација, говореше и за сајбер безбедноста, за чија цел, министерство подготвува национална стратегија.

-Ја зајакнуваме нашата способност за превенција, детекција и брз одговор на сајбер закани. Ова е континуиран процес на кој му посветуваме најголемо внимание. Сајбер безбедноста е клучен приоритет за нашата Влада. Преку овие мерки, ние градиме дигитално отпорна Македонија, способна да се справи со современите сајбер предизвици, дополни Андоновски.

Андоновски во емисијата додаде дека скандалите кои се случувале од изминатите раководства на поедини институции, треба да бидат решени и истакна дека процесите се во тек и јавноста на дневно ниво ќе се информира што се презема во секоја институција, а процесите ќе продолжат и понатаму, се до конечно ослободување.

„Кога ќе бидат решени процесите, на вистински начин ќе може да се поддржат иновациите, дигитализацијата, инвестициите и целокупниот напредок на општеството“, заклучи Андоновски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Од почетокот на летото: Во Грција регистрирани вкупно 180 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 27 лица

Следно

ЕУ сака да забрани пушење и електронски цигари на отворено

Latest from Blog

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и

Ким Џонг-ун најави нова нуклеарна политика

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун објави дека земјата ќе претстави политика за заедничко унапредување на нуклеарното оружје и конвенционалната воена моќ за време на претстојниот клучен состанок на неговата владејачка партија, објави
Go toTop