Анџелина Џоли ја продава куќата во Лос Анџелес и го напушта Холивуд

January 5, 2026
1 min read

 Познатата актерка, режисерка и хуманитарка, имено, го продава својот имот „Сесил Б. Демил“ во Лос Анџелес, вреден 25 милиони долари, каде што живее од 2016 година и веќе го покажува на потенцијални купувачи, пишува „Пејџ сикс“ (Page Six).

Главната причина за заминувањето на Џоли, која е на самиот почеток од шестото десетлетие од својот живот, е нејзиниот мачен развод од поранешниот сопруг Бред Пит (62), со кого конечно постигна спогодба на 30 декември 2024 година – осум години откако поднесе барање за развод, според Џеј Бенџамин – глумец и продуцент чиешто познанство со Џоли датира од 2005 година.

– Не може доволно да се оддалечи од драмата… Единствениот начин да се одмори е да си замине. Таа ќе си оди и ќе се опушти – ќе прави само работи што го движат нејзиното срце, душа и страст. Таа е прекрасна, талентирана и великодушна жена, додаде Бенџамин.

Џоли и претходно изрази желба да го напушти Лос Анџелес, нагласувајќи дека е врзана за градот само додека сите нејзини шест деца од врската и бракот со Пит не наполнат 18 години. Тоа ќе се случи во јули оваа година, кога близнаците Нокс и Вивиен го слават 18. роденден. Џоли и Пит го имаат и Медокс (24), кој е роден во Камбоџа, Пакс (22) посвоен од Виетнам, ќерка им Захара (20) од Етиопија и Шајло (19).

Нејзиниот однос со Пит беше затегнат по инцидентот во приватен авион во 2016 година, кога Џоли го обвини за физички и вербален напад врз неа и децата. На Џоли ѝ беше доделено примарно старателство, а некои од децата оттогаш одлучија да се откажат од презимето Пит.

Глумицата, инаку, оваа година планира да го минува своето време меѓу Њујорк – каде што го води својот моден колектив „Ателје Џоли“, Европа каде што бара „повеќе приватност“, и Камбоџа – нејзиниот долгогодишен втор дом, чиј граѓанин е.

Иако веќе не работи за Обединетите нации, нејзината хуманитарна работа продолжува. Таа ја посети Газа со американска делегација, каде што се сретна со хуманитарни работници и повредени Палестинци кои се лекуваат во Египет.

– Не би била глумица денес, изјави таа за „Волстрит џурнал“ во 2023 година, објаснувајќи дека се налутува на очекувањето дека јавните личности споделуваат толку многу за себе. – Кога почнував, немаше потреба да бидеме толку присутни во јавноста.

И, додека таа се повлекува од глумата, Бред Пит сѐ повеќе се вкоренува во Холивуд. Неговата продуцентска куќа „План Би ентертејнмент“ (Plan B Entertainment) сѐ уште ужива успех со филмовите како „Битлџус“ и серијата во три дела – „Проблем со телото“, а самиот тој ја има главната улога во драмата „Формула 1“ (F1).  

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снимка од „морско чудовиште“ направена од подморница го преплаши интернетот

Следно

Битола и регионот ја модернизираат комуналната инфраструктура

Latest from Blog

Фото: Никол во омилениот аутфит-бикини

Секако атрактивната пејачка е облечена во својот омилен аутфит, бикини, единственото нешто што го носи преку целата година. Ако се погледат социјалните мрежи на Никол може да се заклучи дека пејачката како

Ѕвездите најавуваат олеснување за 4 хороскопски знаци: Во новата година ќе ги оставаат сите грижи зад себе!

Сите копнееме по моментот кога можеме длабоко да воздивнеме и да кажеме: „Заврши, сега можам да уживам“. Ова олеснување во Новата година доаѓа како што е ветено за четирите хороскопски знаци на

Ханси Флик: Супер – купот е најкусиот пат до трофеј, но нема да биде лесно!

ФОТО: FC Barselona/FB Тренерот на Барселона, Ханси Флик, зборуваше со самодоверба и реализам пред нивниот полуфинален натпревар од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао, утре во Џеда (С.Арабија). Тој го опиша турнирот
Go toTop