Анчелоти: Сакам да останам во Реал

April 3, 2023
1 min read

Тренерот на фудбалерите на Реал, Карло Анчелоти, изјави денеска дека сака да остане во мадридскиот клуб до 30 јуни идната година, кога му истекува договорот, пренесуваат шпанските медиуми.

Италијанскиот стратег неодамна доби понуда на крајот на оваа сезона да седне не клупата на бразилската репрезентација, која е без селектор, откако Тите поднесе оставка по елиминацијата на Светското првенство во Катар.

„Уверен сум дека сум на вистинското место, бидејќи имам голема поддршка од играчите и клубот. Јас одамна реков каква иднина посакувам“, рече Анчелоти.

Тој истакна дека е среќен во мадридски Реал.

„Имам договор со Реал до лето 2024 и сакам да го одработам до крај. А потоа? Ако е Реал среќен ќе останам до 2024“, се пошегува Анчелоти.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Коалицијата „ГЕРБ-СДС“ е победник на изборите во Бугарија, со речиси два отсто поголема доверба од „ПП-ДБ“

Следно

Бројни настани и работилници во КСП Центар Јадро

Latest from Blog

Кривична пријава за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354,

Обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ доставен до Основен кривичен суд Скопје

Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ,

Во бомбашки напад врз владино возило во Северозападен Пакистан загинаа четири лица

ИСЛАМАБАД (АА) – Најмалку четири лица загинаа, а 11 се повредени откако врз владино возило е извршен бомбашки напад покрај патот во северозападната покраина Хајбер Пахтунхва, изјави официјален претставник, јавува Анадолу. Службеното
Go toTop