АНАЛИЗА на Костов: Победници, губитници и останати

October 29, 2025
3 mins read

Во првиот изборен круг се уверивме дека локалните избори сепак се нешто повеќе од само избор на градоначалници и советници во општините и Градот Скопје. На изборите го видовме барометарот на моменталната политичка енергија(за поединци, кандидати и лидери, за политички партии и за голем број на граѓански групи и движења), што пак гледано од друг ракурс, тоа е отсликување на насоката во која се движат политчките трендови, каква е состојбата во граѓанскиот сектор, а ја видовме и “големата“ и “малата“ слика на македонската општествена заедница. Еден вид на огледало на севкупните состојби во Македонија. Со еден збор добивме рендгенска слика на политичката сцена во нашата држава- не само во единиците во локалната самоуправа, туку и комплетно на ниво на Македонија.

 

За победниците

Прва констатација е дека сцената е нешто малку изместена од онаа минатата година, од парламентарните и претседателските избори. Добро, се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ, покрај тоа што е супериорна на државно и национално нивот, таа уште посупериорна е во македонскиот локус – општините и Градот Скопје. Победи во 33 општини во кои доби градоначалници(за вториот изборен круг води во 26 општини) и освои максимални 550 советници. И што е многу интересно, изборната победа на оваа партија е многу супериорна: во 2021г. освои 22 градоначалнички места(во првиот круг) и 468 советници. Зголемувањето и нагорниот тренд е повеќе од очигледен. Сега-за-сега повеќе 11 градоначалници и 83 советници повеќе отколку пред четири години. Во десетина и повеќе општини(Сопиште, Илинден, Петровец, Штип. Василево, Кавадарци, Велес, Кратово, Градско, Босилово…) победата е освоена со најмалку 70% освоени гласови, а најмногу 80%, што значи дека противниците освојувале од 20% до 30% гласови. Да потсетам оваа партија супериорно ги освои и градоначалничките места во Битола, Охрид, Прилеп, Струмица, Гевгелија, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Радовиш и други, а води и во Скопје(разлика од 60 000 гласа), Карпош, Аеродром, Куманово и Кичево. Што е многу, многу е. Кога ќе се земе во предвид дека во вториот изборен круг ќе се води битка уште во 44 општини, од кои ВМРО-ДПМНЕ води во 26 од нив, тогаш можете да замислете што ќе се случи – една голема, мега изборна победа.

Вреди  освои 131 советник и солидно се позиционираше во советите на 27 општини. Освои и градоначалнички места во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, а води во Тетово, Дебар, Боговиње и Долнени. Да не ја заборавиме и Струга, каде Вреди го подржува независниот кандидат Менди Ќура. Тоа е резултат за респект, од аспект дека ќе ги добие и Тетово и Дебар.

ЗНАМ освои 44 советници со кои првично, како нова партија, се позиционираше во 30-тина општини. Во битката за градоначалници, со голема разлика од 10 418 гласа води во Куманово, и повеќе од сигурно е дека таа битка триумфално ќе ја добие Максим Димитриевски, иако Диро, противкандидатот на Максим, вели дека во Куманово се случуваат чуда(нешто како “мижи Асан да ти бајам“, или “слепа кокошка просо сонува“.  Во Центар во вториот круг ќе се обидат да надокнадат разлика од 2800 гласа во корист на Г.Герасимовски.

 

За поразените

Се покажа дека надолниот пад(на политичката сцена)  на СДСМ и понатаму трае и е повеќе од загрижувачки. Оваа политичка партија, минатата година катастрофално ги изгуби парламентарните и претседателските избори, и за период од година и половина, еве, доживеа уште еден политички дебакл. Освои 233 советнички места(163 помалку од 2021-та). Победи само во 3 општини(Крива Паланка, Кривогашатани и Богданци), води во 5 општини. Во Крушево, Лозово, Ч.Сандево и Росоман со мала разлика, а во Центар со солидна разлика. И да не заборавиме, на ниво на Град Скопје, СДСМ доживеа вистинска изборна катастрофа: нејзиниот кандидат за градоначалник, Каја Шукова, не влезе во втор изборен круг, бидејќи освои гласови само за четврто место (Левица и Вреди се со повеќе освоени гласови, а со кандидатот на ДУИ е  барабар рамо-до-рамо). Разочарувачки, недоволно, многу мал мизерен изборен резултат. Едноставно понижувачки за СДСМ.

За коалицијата НАИ(ДУИ) состојбата е најразочарувачки. Освоија 153 советници, што е за 16 помалку од освоените во 2021-та. Најавуваа референдумско изјаснување на албанскиот електорат, беа повеќе од сигурни дека ќе победат, особено во Чаир, Тетово, Сарај, Гостивар и Кичево, ама ништо од тоа. – Токму во тие општини ги доживееја најголемите порази. Во Чаир, нивниот Бујар Османи доживеа фијаско(Меџити просто “го прегази“), во Тетово, Касами им води со 3756 гласа, во Кичево кратки се за 6062 гласа во однос на ВМРО-ДПМНЕ, а во Сарај ги “нокаутираше“ ВЛЕН. Кога ќе се додаде и срамот што го претрпеа во Гостивар, каде изборите се поништени поради неисполнет изборен цензус, тогаш поразот е повеќе од голем.

Состојбата со Левица е многу чудна и смешна, на граница на апсурдот. Освоија 66 советници(17 повеќе од 2021-та). Имаа кандидати за градоначалник во 19 општини и Градот Скопје, од кои во19-те општини претрпеа порази, а влегоа во втор круг во Град Скопје, и се прогласија за големи победници. Се претставуваат за главен политички фактор, без кој повеќе ништо не поминува. А видете, “во игра се“ само во Град Скопје, ама за победа треба да надокнадат, ни помлаку, ни повеќе,  60 998 илјади гласа, колку што е водството на Орце Георгиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Слоганот “Народот сега!“, многу малку го препозна народот на кого му беше упатен. Тоа за нив е фрустрирачки, ама тие, во нивни арогантен стил, Амар Мециновиќ, веќе го гледаат како победник. Добро, ајде да да го видиме и тоа чудо, иако мене повеќе ми личи на научна фантастика или ако сакате тотално невозможна мисија.

За малите партии и феноменот независни кандидати во едно од следните продолженија.

(продолжува)

 

Сотир Костов

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Видео: Протест пред зградата на црногорската Влада, демонстрантите извикуваа „Нема мигранти“ и „Турци надвор“

Следно

Пире од спанаќ

Latest from Blog

Тинејџер загина, седум се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Нови Сад-Белград

 Повредените момчиња се хоспитализирани. Повредените деца се на возраст од 13, 15 и 16 години, а меѓу повредените е и возачот на комбето (43), кој бил пренесен во Централната болница Војводина со

Дронови забележани над воена база во Белгија

Повеќе дронови беа забележани над воена база во Белгија во саботата навечер и повторно синоќа, предизвикувајќи безбедносни проблеми, потврди министерот за одбрана Тео Франкен. „Нашата стражарска станица во Марк-ан-Фамен во саботата навечер

Проданоски: Чест и одговорност е да се води Прилеп – следува посветена работа за сите граѓани

Новиот градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денес официјално го доби уверението за избран градоначалник од Општинската изборна комисија. „Ова е голема чест, но и уште поголема одговорност која со гордост и

Во рекордно време изграден нов спортски центар во Куманово – Ристовски: Ветеното го реализираме во рекордно време!

Министерството за спорт продолжува со реализација на својата визија за развој на спортската инфраструктура низ целата држава. Куманово доби современ, целосно реконструиран спортски центар, изграден во рекордно време. Новото спортско мултифункционално здание
Go toTop