Аналитичари: Терористите на ПКК претставуваат закана за безбедноста на Ирак

August 13, 2024
2 mins read

ЕРБИЛ (АА) – Аналитичарите што работат во Курдската регионална влада (КРГ) во Северен Ирак изјавија дека терористичката организација ПКК и групите и ограноците поврзани со неа ѝ нанесуваат штета на безбедноста на земјата, јавува Анадолу.

Абдурахман Шенгали, предавач на Универзитетот „Навроз“ во Духок, Ирак, за Анадолу изјави дека терористите на ПКК „напаѓаат различни делови на Туркије и КРГ и планираат нови напади“.

Нагласувајќи дека оваа ситуација е нелегитимна и неприфатлива според меѓународното право, Шенгали рече дека ова е напад врз безбедноста и полуавтономната КРГ и остатокот од Ирак.

– Терористите на ПКК „предизвикаа колапс на регионалната економија“ –

Велејќи дека терористичката организација ПКК „предизвикала колапс на регионалната економија“, Шенгали додаде: „Терористите на ПКК предизвикаа евакуација на стотици села бидејќи локалното население не може таму да живее и да се занимава со земјоделство.“

„Терористите формираа ограноци под различни имиња во Ирак, Сирија, Туркије и Иран“, рече тој, додавајќи: „Нема земја во која луѓето прифаќаат структура што се спротивставува на воспоставената држава. Бидејќи тоа претставува закана за безбедноста на таа држава.“

Шенгали смета дека постоењето на групи поврзани со ПКК под други називи е сериозен ризик за безбедноста на земјата и рече дека ја поздравува забраната за активностите на таканаречените политички партии поврзани со терористичката организација ПКК.

„Оваа одлука донесена од страна на Ирак (прогласувањето на ПКК за забранета организација) ќе ги спречи да учествуваат во политичкиот процес. Со забраната ќе направи политичкиот процес да функционира подобро“, нагласи тој.

Истакнувајќи дека терористичката организација ПКК на никаков начин не им била од корист на Курдите, Шенгали додаде дека ПКК „отсекогаш била закана, спроведувала терористички дела против локални партиски лидери, палела пазари и го попречувала секојдневното живеење и егзистенцијата на луѓето во регионот“.

– „Со овие чекори Ирак ги блокира овие структури да вршат воени и политички активности“ –

„Ирак одлучи групите раководени и поддржани однадвор да не може да вршат воени или политички активности и дека тоа е забрането“, рече Сами Рекани, политиколог од Универзитетот во Духок.

Проектите за економска соработка меѓу Анкара и Багдад во областа на водните ресурси и слични области, исто така ги зајакнаа меѓусебните безбедносни договори, рече тој.

Рекани, исто така, истакна дека Ирак треба да преземе чекори да ги намали заканите за Туркије како дел од договорите меѓу двете земји.

„Со овие чекори Ирак го затвори патот на овие структури да вршат воени и политички активности“, рече тој, додавајќи дека турската антитерористичка операција „Канџа-катанец“ во Северен Ирак, веднаш преку турската граница, исто така, е дел од договор меѓу Туркије и Ирак.

Рекани нагласи дека тоа врши притисок и врз присуството на терористите на ПКК/ЈПГ во Сирија“, додавајќи: „Овој процес е во тек, но САД, исто така, ја поддржуваат ПКК/ЈПГ.“

Туркије долго време се жали дека САД соработуваат со ПКК/ЈПГ под изговор дека се борат против ДАЕШ. Турските власти велат дека користењето на една терористичка организација за борба против друга нема смисла.

– ПКК сега е забранета во Ирак –

Врховниот судски совет на Ирак на 6 август ги забрани активностите на три политички партии поради поврзаност со терористичката организација ПКК.

Во март ирачката Влада ја прогласи терористичката организација ПКК за „забранета организација“.

ПКК е сепаратистичка организација што е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.

Терористите често се кријат во Северен Ирак, веднаш преку турската граница, каде што планираат терористички напади во Туркије.

Во 2022 година Туркије ја започна операцијата „Канџа-катанец“ за елиминирање на засолништата на терористичката организација ПКК во северните ирачки региони Метина, Зап и Авашин-Басјан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Медиумите на Кремљ го минимизираат упадот на Украина во Курск

Следно

Туркије испрати два авиони и хеликоптер за гаснење на шумските пожари во Грција

Latest from Blog

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕТЕ ВО ГРЦИЈА, КАЗНИ ДО 8.000 ЕВРА, А МОЖЕ И ЗАТВОР Од денеска стапува во сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата

Високи парични казни што достигнуваат и до 8.000 евра, одземање на возачките дозволи, па дури и активирање на Кривичниот законик, предвидува новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата во Грција што

Јеменските Хути го нападнаа Тел Авив со хиперсонични балистички ракети – Израел го пресретна нападот

Јеменското бунтовничко движење Хути започна напад со хиперсоничен балистички ракети врз неколку цели во Тел Авив. Портпаролот на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека операцијата била успешна, при што израелската војска соборила една

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на
Go toTop