Ана и Игор Дурловски – македонски песни со светска виртуозност во Битола

September 18, 2025
1 min read

Синоќа, платото пред Офицерскиот дом во Битола беше исполнето со овации за оперските уметници Ана и Игор Дурловски, кои го изведоа концертот „Песни од срцата“.

Стари македонски изворни песни беа отпеани со светска виртуозност, придружувани од Камерениот оркестар „АЈГА“ под диригентска палка на Иван Еминовиќ. Настапот носеше посебна емотивна нота, која ги пленеше присутните.

Меѓу изведбите беа „Калино моме“, „Дејгиди, луди млади години“, „Разболела се Ленка Пингова“, „Што да правам, што да чинам“ и „Си заљубив едно моме“. Особено впечатлива беше народната љубовна песна „Разболела се Ленка Пингова“, каде Ана ја демонстрираше својата извонредна музичка колоритност.

 

Меѓу присутните беше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој заедно со публиката уживаше во ова музичко доживување.

Со концертот „Песни од срцата“ заврши богатата летна културна сезона во Битола, оставајќи незаборавни спомени кај сите присутни.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Меџити тврди: Кандидатурите на Левица во албанските средини се усогласени со ДУИ

Следно

ОВА Е НАПАЃАЧОТ НА МЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРИ ВО ШТИП, судењето се одложи зошто немало превод на албански јазик

Latest from Blog

Полиестерот и неговите хемикалии може да влијаат на хормоните и плодноста

Во светот на модата и облеката во 21. век, полиестерот е неизбежен – од спортска до секојдневна облека. Сепак, најчестиот синтетички материјал може да има сериозно влијание врз човековото хормонално здравје. Иако

Меџити: Во срцето на Чаир ќе има Територијална противпожарна станица

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВРЕДИ, Изет Меџити, денеска го претстави еден од најважните проекти за јавната безбедност на граѓаните, изградбата на Територијалната противпожарна станица во срцето на

„Песните на мајките оживуваат“ – заборавените македонски текстови повторно се слушаат

Во северниот дел на Грција, каде што долго време беа потиснувани словенските македонски говорници, новиот проект Меглен: Песни со текстови од регионот Моглена-Караџова создава простор за враќање на една скриена култура. Иницијативата,

Меџити: Чаир ќе добие современа инфраструктура за заштита од пожари

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денес го презентираше проектот за изградба на Територијална пожарникарска станица во Општина Чаир, инвестиција која ќе ја зголеми безбедноста и заштитата на животот

По 300 години, „синиот змеј“ повторно забележан во Средоземното Море

 Овој вид полжав без школка, којшто се одликува со своите светлосини и сребрени нијанси, природно ги населува отворените води на Атлантскиот, Тихиот и Индискиот Океан. Неговото присуство во Средоземното Море, затоа, предизвикува
Go toTop