„Амнести интернешнал“: Израел врши геноцид во Газа

December 5, 2024
1 min read

АТИНА (АА) – Израел врши геноцид врз Палестинците во Газа, заклучи организацијата за човекови права „Амнести интернешнал“ во новиот извештај денес, јавува Анадолу.

„Истражувањето на ‘Амнести интернешнал’ најде доволно основа да заклучи дека Израел извршил и продолжува да врши геноцид врз Палестинците во Газа“, соопшти британската организација.

Последниот извештај „Се чувствувате како да сте подолу од луѓе: Израелскиот геноцид врз Палестинците во Газа“ ги документира злосторствата извршени од Израел во Појасот Газа од 7 октомври минатата година.

Од прекуграничниот упад Израел уби повеќе од 44.000 луѓе во Газа и ја претвори енклавата во урнатини.

„Извештајот на ‘Амнести интернешнал’ покажува дека Израел извршил дејства забранети според Конвенцијата за геноцид, со конкретна намера да ги уништи Палестинците во Газа. Овие дела вклучуваат убиства, предизвикување сериозни телесни или ментални повреди. Месец по месец Израел ги третира Палестинците во Газа како субчовечка група недостојна за човекови права и достоинство, демонстрирајќи ја својата намера физички да ги уништи“, рече Агнес Каламар, генерален секретар на „Амнести интернешнал“.

„Нашите осудувачки наоди мора да послужат како повик за будење до меѓународната заедница: ова е геноцид. Сега мора да престане!“

Предупредувајќи дека државите што продолжуваат да му обезбедуваат оружје на Израел ја прекршуваат својата обврска да го спречат геноцидот и изложени се на ризик да станат соучесници во геноцид, непрофитната организација ги повика западните сојузници на Израел, вклучително САД, Германија и државите од ЕУ, да дејствуваат сега. „Да се стави крај на злосторствата на Израел против Палестинците во Газа.“

„Израел постојано тврдеше дека неговите акции во Газа се легални и може да се оправдаат со неговата воена цел да го искорени Хамас. Но геноцидната намера може да коегзистира заедно со воените цели и не треба да биде единствена намера на Израел“, додаде Агнес.

„Амнести интернешнал“ соопшти дека ги испитува актите на Израел во Газа „внимателно и целосно, земајќи го предвид нивното повторување и истовремена појава, како и нивното непосредно влијание и нивните кумулативни и меѓусебно засилувачки последици“.

Организацијата, како што се наведува во соопштението, ги разгледала размерите и сериозноста на жртвите и уништувањата со текот на времето, а исто така ги анализирала јавните изјави на официјалните лица, откривајќи дека забранетите дејства честопати биле најавувани или повикувани на прво место од страна на одговорните функционери на високо ниво.

Минатиот месец Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Патот до Дуф прооден, ќе се расчистува патниот правец Маврово – Галичник

Следно

Слот: Очекувам и се надевам дека Салах ќе може да прикаже одлични перформанси за Ливерпул уште долго време

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop