Американски воздушни напади во Сирија: Ова е одмазда

March 24, 2023
1 min read

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин истакна дека одмаздничките напади биле извршени по наредба на претседателот Џо Бајден врз објекти што ги користеле милитантните групи поврзани со Исламската револуционерна гарда на Иран

Американската армија изврши повеќе воздушни напади во Сирија врз цели на милитантни групи поддржани од Иран кои се одговорни за претходен напад со беспилотно летало во кој загина еден, а повредени се неколку припадници на американските сили.

Пентагон синоќа објави за нападот врз американскиот персонал и за американските воздушни напади врз милитанти.

Нападот на базата на коалициските сили кај Хасака во североисточна Сирија се случил во 13 часот и 38 минути по локално време.

Според разузнавачките информации, постои сомневање дека нападот е извршен со беспилотно летало од иранско потекло, соопшти американската армија, што може дополнително да ги влоши и онака заладените односи помеѓу Вашингтон и Техеран.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин истакна дека одмаздничките напади биле извршени по наредба на претседателот Џо Бајден врз објекти што ги користеле милитантните групи поврзани со Исламската револуционерна гарда на Иран.

„Воздушните напади беа извршени како одговор на денешниот напад, како и на серија неодамнешни напади врз коалициските сили во Сирија од страна на групи поврзани со ИРГЦ“,

истакна Остин.

Американските трупи од почетокот на годината нападнати се 78 пати од групи поддржани од Иран.

Генералот Ерик Курила, командант на Централната команда на САД на Блискиот Исток, во обраќањето пред Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом на САД вчера, предупреди за флота на ирански беспилотни летала.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен: ЕУ ќе организира конференција за руското киднапирање деца од Украина

Следно

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Latest from Blog

Силен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинати

 Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека магнитудата на земјотресот изнесувала 5,1 според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) наведе дека таа изнесувала 5,5. Земјотресот урна десетици куќи, а потреси се почувствуваа

УКИМ отвора 8.851 место за бруцоши

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус во учебната 2026/2027 година, со вкупно 8.851 место на факултетите и студиските програми во негов состав.

Полугодишен преглед на Македонската берза: Промет од 4,57 милијарди денари за шест месеци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот јануари – јуни 2026 година, на Македонската берза беше реализиран вкупен промет од 4.570.346.699 денари, преку

Ова е потегот на Мундијалот: Погледнете кого Англичаните повикаа за да земе медал (ВИДЕО)

Синоќа гледавме неверојатен натпревар помеѓу Англија и Франција за третото место на Светското првенство, каде што видовме дури десет гола. Англичаните освоија бронза, а видовме и интересен детал за време на церемонијата
Go toTop