Амбасада на САД по прошталната средба на Агелер со министерот за одбрана Владо Мисајловски: Силна одбранбена соработка меѓу САД и Македонија

January 14, 2026
1 min read

Денеска, во Министерството за одбрана, остваривме проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, по повод завршувањето на нејзиниот мандат во Македонија.

-За време на нејзината проштална средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Васко Лафчиски, амбасадорката Анџела Агелер се осврна на силната одбранбена соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија, објавија денеска од американската амбасада во земјата.

Таа ги истакна заедничките воени вежби на полигонот „Криволак“ и долгогодишното партнерство со Националната гарда на Вермонт како клучни примери за соработка што ја унапредија подготвеноста и ја зајакнаа заедничката безбедност, се вели во објавата на амбасадата на САД во Македонија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ова го има само во Србија: ФК Партизан повторно ќе го моли Вучиќ за помош!

Следно

Керик и Јунајтед ќе “мируваат“ во јануарскиот преоден рок, ама на лето…

Latest from Blog

Петта година по ред: Париз на врвот на светскиот градски туризам

Париз и официјално ја потврди својата позиција како најатрактивна градска дестинација во светот за 2025 година, според најновото издание на Top 100 City Destinations Index, кој секоја година го објавува реномираната аналитичка

Протести и жртви во Иран – САД предупредуваат, Иран возвраќа

Густи облаци солзавец го покриваат историскиот Голем пазар во Техеран, додека демонстрантите се обидуваат да ја напуштат областа. Безбедносните сили употребија солзавец за да ги растераат демонстрантите. Истиот ден, иранското разузнавање соопшти
Go toTop