Алварез размислува за трансфер, Атлетико Мадрид ќе бара 150 милиони евра!

October 22, 2025
1 min read
ФОТО: La Liga/FB

По се она што се случи синоќа на „Емирејтс“, кога Арсенал просто го прегази Атлетико Мадрид со 4:0, се чини дека Хулиан Алварез уште повеќе размислува да се оди од “Метрополитано“.

Шпанските медиуми пишуваат за незадоволството на Алварез и истакнуваат дека самиот Аргентинец признал дека играл против Арсенал претходно, но дека никогаш не бил во толку подредена позиција на теренот.
Некои го протолкуваа како пофалби за Микел Артета, некои како критика за Диего Симеоне, но сè на сè, повторно се пишува дека Алварез би можел да побара трансфер.

Не е тајна дека Барса го сака во своите редови, но Каталонците сигурно нема да имаат пари да го доведат. Имено од Мадрид велат дека кој сака да го купи Аргентинецот ќе мора да плати 150 милиони евра.
И него му е јасно дека Атлетико не е конкурентен во Ла Лига, уште помалку во ЛШ, па затоа не е невозможно тој да си оди во летниот преоден рок.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Милошоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, поддршката од граѓаните ни е потврдена и на локално ниво

Следно

Голема полициска акција во БиХ- уапсен е синот на моќен трговец со оружје

Latest from Blog

Голема полициска акција во БиХ- уапсен е синот на моќен трговец со оружје

Томислав Зубак е уапсен поради сомнителна продажба на средства на компанијата „Витезит“, потврдено е и за сараевската Н1, а се очекува апсење на уште неколку осомничени во оваа операција, пренесе Телеграф. Во

Милошоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, поддршката од граѓаните ни е потврдена и на локално ниво

„Во вториот круг секако ќе имаме пораст на гласови, но во секој случај тешко е да се споредуваат локални и парламентарни избори, бидејќи на локалните избори има помал процент на излезеност, а
Go toTop