Карлос Алкараз, со вечерашната победа над Хамад Меџедовиќ успеа да дојде до извонредната бројка од 50 победи годинава.
Тој го совлада Меџедовиќ со 2-0 или 6-4, 6-4 во сетови на турнирот во Синсинати, со што успешно се пласираше во осминафиналето.
Алкараз ја продолжува својата успешна низа на тениски успеси, а пред младиот Шпанец претстојат уште многу значајни титули и победи доколку продолжи со ваквата игра.
Извор: kurir.mk