Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

January 12, 2026
1 min read

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување.

– Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно го засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неспорни – тутунот и никотинот остануваат водечка причина за превентабилна смрт, изложеноста на чад и аеросоли ги оштетува и тие кои не избрале да пушат, а новите никотински производи, аромите, агресивниот маркетинг и дигиталната промоција се насочени токму кон младите. Затоа, Министерството за здравство изготви нов Закон за заштита од пушење, чија намера не е казнување, туку превенција, јавно здравје и заштита на најранливите категории граѓани, оценува министерот за здравство, Азир Алиу.

Целта на новите законски измени е воспоставување контрола врз појавата и ширењето на новите тутунски и никотински производи, особено нивната агресивна промоција и лесна достапност. Истовремено, се воведува целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство, се ограничуваат продажбата и изложувањето на тутунски и никотински производи, како превентивни мерки за поддршка на откажувањето од зависноста, и конечно, се зајакнува забраната за пушење во јавни и работни простории.

Со овој закон, испраќаме јасна порака дека здравјето е повисока вредност од било кој комерцијален интерес, дека здравјето на децата не може да биде предмет на профит, дека јавниот простор мора да биде безбеден простор.

Воедно, законското решение е усогласено со европската регулатива и со меѓународните обврски што државата ги има преземено, принципите на Рамковната конвенција на Светската здравствена организација.

ЛИНК до Предлог-законот за заштита од пушење:  https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=115056

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тренерот на Џенифер Анистон открива зошто актерката изгледа толку добро на 56 години (ВИДЕО)

Следно

Мета деактивирала над 540.000 профили поради забраната за социјални мрежи во Австралија

Latest from Blog

Славески: Цените во земјата остануваат стабилни

Податоците за инфлацијата во декември 2025 година укажуваат на стабилност на цените, а регистрираниот месечен раст од 0,4 отсто е статистички изобличен поради драстичниот скок на цените на авионскиот превоз. Ова е

Какво непочитување кон ривалот: Сите зборуваат за потегот на Килијан Мбапе по натпреварот (ВИДЕО)

Финалето на Шпанскиот Суперкуп се играше во Џеда, а Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 и ја отвори 2026 година на најдобар начин. Реал двапати возврати против Барселона, но со гол

Мета деактивирала над 540.000 профили поради забраната за социјални мрежи во Австралија

Компанијата „Мета“ деактивирала повеќе од половина милион кориснички профили во Австралија како последица на првата во светот забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години, соопшти денеска компанијата. Според
Go toTop