Алиу: Континуирано ја унапредуваме јавната здравствена инфраструктура – обезбедена хипербарна комора во ГОБ „8 Септември“

October 27, 2025
1 min read

Министерот за здравство, Азир Алиу и заменик министерот Јовица Андовски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски денес ја посетија ГОБ „8 Септември“, каде беше направен увид на новата хипербарна комора. Опремата е обезбедена со поддршка од компанијата „Зегин“, во рамки на заеднички проект со болницата.
– Хипербарната кислородна терапија им помага на пациентите со хронични рани и рани кои тешко заздравуваат, како што се дијабетично стапало, изгореници, состојби со нарушена микроциркулација и други индикации што ги третираат повеќе медицински специјалности. Упатувам искрена благодарност до компанијата за нејзината општествената одговорност, како и до менаџментот и медицинскиот персонал на болницата за професионалната подготовка и интеграција на комората во системот на болничко работење, истакна министерот Алиу при посетата.
Комората е поставена во одделот за физикална терапија и рехабилитација, а ќе биде на располагање и за одделите за пластична хирургија, дерматологија и останати болнички оддели, согласно потребите и медицинските индикации.
– Ова е пример како со партнерства можеме да ја унапредиме јавната здравствена инфраструктура од аспект на модерна опрема која ќе го зголеми квалитетот на услугите кои ги добиваат пациентите. На овој начин директно влијаеме врз исходите на лекувањето, го намалуваме ризикот од компликации, престојот во болница и трошоците, а на пациентите им даваме поголема шанса за побрзо и поквалитетно оздравување, посочи Алиу.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Се вери Саша Ковачевиќ (ВИДЕО)

Следно

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот учестуваше на состанок на работна група на словенски малцинства

Latest from Blog

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на конгресот освари средби со преставници на ФУЕН

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на 69 Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), што се одржува  во Болзано во Јужен Тирол, Италија од 23 до 26 октомври

Силен земјотрес од 6,5 степени на Карибите

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтер го погоди денеска подрачјето источно од Гвадалупе, во регионот на Мали Антили. „Доста долг и интернзивен потрес. Седев на столче, и ми се
Go toTop