Повредата на голманот на Ливерпул Алисон, со која што се здоби на дуелот од Лигата на Шампионите против Галатасарај во Истанбул воопшто не е наивна. Напротив, чуварот на мрежата и официјално ќе паузира околу шест недели, објавија медиумите на островот.
Се работи за повреда на тетивата, исклучително опасен и сензитивен дел, па времетраењето на паузата воопшто не изненадува.
Ова значи дека Бразилецот не само што ќе го пропушти натпреварот од Премиер лигата против Челзи овој викенд, туку нема да патува ниту за натпреварите на репрезентацијата на Бразил.
Извор: vecer.mk