Screenshot

Акција на Општина Прилеп: Проданоски со увид на работите во речното корито

November 21, 2025
1 min read

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денес изврши увид во градежните активности што се спроведуваат во рамките на акцијата за чистење на големото корито на Градската река. Работите моментално се одвиваат на потегот покрај улицата „Кеј 1-ви Мај“, во населбите Чачорица и Бончејца, каде екипите активно работат веќе една недела.

Според Проданоски, досега се отстранети над 300 кубни метри насип, а активностите ќе продолжат до железничкиот мост на кејската улица. Потоа ќе започне втората фаза од проектот, која опфаќа зафати кон мостот на улицата „Трајко Николоски“.

И покрај интензивните врнежи во последните денови, градоначалникот ги увери граѓаните дека состојбата со водостојот е стабилна и дека во моментов нема опасност од излевање на реката.

 

Тој упати благодарност до јавните комунални претпријатија и Подрачната единица на Водостопанство на Македонија – Прилепско Поле за нивната механизација и активен придонес во акцијата.

Проданоски воедно апелираше до граѓаните да не фрлаат отпад во речното корито, предупредувајќи дека тоа предизвикува штети и можни хаварии, и потсети дека постојат јасно определени локации за соодветно депонирање.

„Мораме сите заедно да се грижиме за побезбеден и почист Прилеп,“ порача градоначалникот.

Видеото може да го погледнете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Кос: Сакаме ЕУ да биде опиплива реалност за вашите граѓани

Latest from Blog

Божиновска: Енергетските реформи се движат со забрзано темпо

Енергетските реформи влегуваат во интензивна и забрзана фаза, со јасен план, силна меѓународна поддршка и исполнување на сите предвидени рокови. Ова го истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска,

Драматични сцени во Хрватска: Гори познат хотел во Истра, гостите итно евакуирани

Еден од најпознатите хотели во Хрватска, „Мулино“, се запали утрово. Пожарникарите го ставија под контрола, но и натаму не е локализиран, пренесува „Индекс“. Според началникот на противпожарната служба Дино Козлевац, пожарот избувнал

Битола заврши две новоизградени градинки, третата веќе работи во поранешниот „Дом за доенчиња“

Во Битола од темел се изградија две нови градинки и уредувањето е во финална фаза, а една градинка се адаптира во функционален објект и се отвори пред еден месец. Новите градинки што

Редовното консумирање на овој чај може да ја намали надуеноста

Топла шолја билен чај може да помогне со дигестивни проблеми благодарение на смирувачката топлина и природните својства на билките кои ги ублажуваат стомачните тегоби. Билките чаеви не содржат кофеин и често содржат
Go toTop