Ако сте во Австралија или Нов Зеланд не паничете кога ќе почне нуклеарната апокалипса

February 13, 2023
1 min read

Освен овие две држави, на краткиот список се и Соломонските острови, Ванату и Исланд, како држави кои можат да произведат доволно храна за нивното население по „катастрофа која нагло ќе ја намали сончевата светлина“ пример нуклеарна војна, ерупција на вулкан или удар од астероид.

Научниците тврдат дека дури и во најлошото сценарио, најверојатно ќе има „џебови на преживеани низ планетата“, а оние во најотпорните нации ќе успеат да избегнат колапс на пред-индустриски нивоа.

Во анализата се земаат предвид само острови, а првото место на Австралија се должи на тоа што таа и онака е извозник на храна, има голем вишок енергија, добро здравство и сериозен буџет за одбрана.

Тоа што не оди во корист на Австралија е што има блиски воени врски со Британија и САД, заради што е многу поверојатно да биде мета во потенцијална нуклеарна војна. Во однос на ова Нов Зеланд се рангира малку подобро од Австралија бидејќи нема нуклеарно оружје, но заради блискоста на двете тоа може и да не излезе дека е од некоја голема корист.

Тоа што е слаба страна на Нов Зеланд е што претерано зависи од глобалната трговија, па нејзиниот крах во случај на апокалипса ќе го забрза општествениот колапс.

Еден од авторите на студијата од Универзитетот на Отаго, објаснува дека Нов Зеланд нема никакви капацитети за преработка на гориво и е драстично зависен од увоз на дизел, пестициди и машинерија за одржување на тамошното земјоделие.

Утехата за нив треба да е тоа што во случај на нуклеарна зима, производството на храна во Кина, Русија и САД ќе падне за 97% и ќе треба да изнаоѓаат нови технологии за создавање храна.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Реставрирана витрина со барски птици во Музејот во Струга

Следно

АНАЛИЗА: Ковачевски ќе добие меѓу 63 и 66 гласа „за“ реконструкција на Владата

Latest from Blog

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член

Јуни под двоен фокус: од матни скандали до бистри пресврти во антикорупциската битка

Во своето месечно огледало за јуни, „Транспаренси интернешнл-Македонија“ го опишува државниот апарат како ветровит ден на езеро: на едната страна водата се заматува од скандали и стари навики, на другата се чисти

Новиот грчки министер за миграции смета дека е во ред да се убиваат мигранти на граница (ВИДЕО)

Танос Плеврис, радикален десничарски пратеник познат по своите забелешки за Аушвиц и убивањето мигранти, е именуван за нов министер за миграција. Тој го наследува Макис Воридис, најистакнатиот функционер кој поднесе оставка во
Go toTop