Аероклубот Скопје со повик до старите членови

March 7, 2023
1 min read

Аероклубот Скопје, како најстар аероклуб во државава, кој годинава одбележува еден век од основањето, ги повикува сите поранешни членови и нивните семејства, да ги споделат своите спомени и фотографии од нивното време во клубот.

Во архивите на Аероклубот, како што посочуваат, постојат дневници на летање и скокање, списоци со членови, фотографии и видеа, но оттаму веруваат дека потребно е да ја зачуваат нивната историја преку личните приказни и стари фотографии на сите кои биле членови на клубот. Клубот е заинтересиран за лични фотографии, приказни и спомени од минатото, вклучително и какви било искуства или анегдоти што може да ги имаат членовите.

Клубот ги охрабрува сите поранешни членови да ги споделат своите искуства, без разлика колку се големи или мали, бидејќи секоја приказна ќе помогне да се наслика поцелосна слика за историјата на клубот. Оваа година кога прославивме еден век од основањето на Аероклубот должни сме да се сетиме и да ги споменеме сите членови кои со своето несебично залагање направиле Аероклубот да биде тоа што е денес, сериозна воздухопловна организација, се вели во соопштението.

За оние што не се веќе со нас, се додава во соопштението, ги охрабруваме семејствата да се присетат на раскажувањата и да ги отворат старите кутии со фотографии. Придонесите, како што посочуваат, може да се испратат до Аеро клубот Скопје преку е-пошта на [email protected].

Аероклубот Скопје е основан во 1923 година и оттогаш е витален дел од воздухопловната историја на државата. Клубот одигра суштинска улога во развојот на воздухопловната култура во земјата, а неговите членови се вклучени во многу активности, вклучувајќи обука за летање на авиони и едрилици, скокање со падобрани, одржување на авиони и разни воздухопловни настани.

Аероклуб Скопје Клубот има богата историја и оттаму веруваат дека приказните и сеќавањата на нивните поранешни членови се суштински дел од таа историја.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перу: Пет војници се удавиле откако се обиделе да преминат река

Следно

Стоилковски: Дали едно од огласените три места за ЈО во Гостивар е резервирано за синот на Талат Џафери?

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop