ПСЖ подготвен да плати 100 милиони евра за Муани

February 20, 2023
1 min read

Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт и француски репрезентативец Рандал Коло Муани би можел по завршување на сезоната да потпише договор со ПСЖ, објави денеска весникот „Паризиен“.

Муани (24) лани дојде во Ајнтрахт без обесштетување, откако му истече договорот со Нант, а според францускиот весник, ПСЖ е подготвен да го донесе во своите редови и за тоа да му понуди на германскиот клуб 100 милиони евра.

Муани одигра три натпревари за Франција на Мундијалот во Катар и постигна еден гол.

Во финалниот натпревар Муани се најде во стопроцентна шанса за гол во завршните моменти од второто продолжение, но чуварот на мрежата Емилијано Мартинез со нога го одбрани неговиот обид, а Аргентина во пенал серијата која уследи беше поуспешна од Франција и ја освои светската титула. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Под урнатините има затрупани лица“: Најмалку осум повредени по новиот земјотрес во Турција

Следно

Има жртви и во вечерашните земјотреси во Турција

Latest from Blog

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ШПИОНИ ВО СВЕТОТ, а најдобрите европски не се ни во петте најдобри светски

Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин Експрес,

ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик очекува Шасивари да се сретне со Филипче

Ако одлуката на Уставниот суд за платеното политичко рекламирање биде во корист на Левица, по чија иницијатива Судот веќе расправаше, тогаш Собранието ќе мора повторно да го отвори Изборниот законик, барем во

„Илинден“-Тирана со барање: Официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна на македонски јазик

Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна
Go toTop