Агелер: Шоле ќе ја потврди поддршката на САД за земјава, а борбата против корупцијата е приоритет за Вашингтон

January 9, 2023
3 mins read

Тој е многу посветен на обезбедувањето стабилност и сигурност на Западен Балкан и со нетрпение го очекува ова патување. Мислам дека сте го виделе неговото неодамнешно интервју каде што зборува за тие приоритети како што е борбата со корупцијата, и тоа ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на неговата посета оваа седмица… и ќе ги потврди заложбите и поддршката на САД за вашата земја на секој можен начин, изјави амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи

Советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, ќе покрене неколку прашања за време на неговата посета на С Македонија закажана за в среда и ќе ги потврди заложбите и поддршката на Соединетите Американски Држави за земјава, изјави денеска американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер.

Кои прашања ќе ги покрене советникот на Стејт департментот, Агелер не прецизира, но истакна дека борбата против корупцијата останува приоритет за САД.

„Тој е многу посветен на стабилноста и сигурноста на Западен Балкан и со нетрпение го очекуваше ова патување. Мислам дека сте го виделе неговото неодамнешно интервју каде што зборува за тие приоритети како што е борбата со корупцијата и тоа ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на неговата посета оваа седмица. Исто така, му честитав и на министерот (Бујар Османи н.з.) и на земјава што ги преземате овие многу важни претседателства (со ОБСЕ и со Јадранската повелба н.з.), ќе биде една многу важна година и тој ќе ги потврди заложбите и поддршката на САД за вашата земја на секој можен начин“,

изјави Агелер одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната прес-конференција со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, на која тој ги претстави приоритетите и целите на земјава за време на нејзиното претседавање со Јадранската повелба оваа година.

Посетата на Шоле на земјите од Западен Балкан беше најавена за декември минатата година, но тој ја откажа својата турнеја во последен момент поради позитивен тест на ковид.

Еден месец подоцна, односно од 11 до 13 јануари, советникот на Стејт департментот ќе ја реализира својата посета, во рамките на чија агенда се Северна Македонија, Косово и Србија.

Целта на посетата, како што објави Стејт департментот, е да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.

Шоле на 11 јануари ќе престојува во Скопје, а предвидено е да се сретне со владини претставници и да разговара за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

По посетата на Скопје, американскиот советник заминува за Приштина на средби со владини претставници, политички лидери и претставници на граѓанското општество. Во фокусот на разговорите ќе бидат напорите на САД да помогнат во унапредувањето на косовската и евроатлантската интеграција, вклучително и преку дијалогот олеснет од ЕУ за да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, фокусирани на меѓусебното признавање.

Од Приштина Шоле на 12 јануари ќе продолжи во Белград каде со раководството на српската влада ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија за пристап во ЕУ.  Дијалогот со посредство на ЕУ за нормализирање на односите со Косово, како и улогата на Белград во зајакнувањето на регионалниот мир и безбедност, исто така ќе бидат во фокусот на разговорите на Шоле со српскиот државен врв.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Османи имаа средба со Шоле на 23 септември минатата година во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

На средбата тогаш, како што соопштија од Владата, беше потврдено стратегиското партнерство меѓу САД и Северна Македонија и беше потенцирано дека Северна Македонија напредувала од земја која тежнеела да стане членка на НАТО до сигурен, еднаков и способен сојузник.

На 14 декември, кога Шоле требаше да пристигне во Скопје, но беше спречен поради инфекцијата со ковид, тој имаше телефонски разговор со премиерот Ковачевски, на кој учествуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Агелер. Истиот ден советникот на американскиот Стејт департмент телефонски разговараше и со претседателот на државата, Стево Пендаровски.

 „Разговорот беше со фокус на стратешкото партнерство на Северна Македонија и САД и идната соработка и поддршка која ја имаме во насока на остварувањето на нашите стратешки цели. Се разговараше и на повеќе теми како што е справувањето на Владата со енергетската криза но и за инфраструктурните и енергетски проекти за кои Северна Македонија ќе има силна поддршка од САД. Меѓу останатото, тема на разговорот беше и развојот на Северна Македонија во делот на борбата против корупцијата и унапредување на владеењето на правото“,

соопштија тогаш од Владата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мигранти: Исти Трамп, друго пакување

Следно

Двајца разбојници среде бел ден ограбиле дистрибутер

Latest from Blog

ДРАМА НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МАРОКО И ШПАНИЈА: Масовен упад на мигранти во Европа спречен со дронови и солзавец

Мароканските безбедносни сили во саботата спречија обид на стотици мигранти, претежно од Субсахарска Африка, нерегуларно да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута. За време на интервенцијата беа употребени солзавец, хеликоптери, беспилотни

Над 20 дипломатско-конзуларни претставништва се без амбасадор или генерален конзул

За 11 од нив веќе се избрани кандидати, кои ќе стапат на должност во различни временски периоди по завршувањето на законската постапка, велат од МНР за „Фокус“, посочувајќи дека станува збор за

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop