Нов силен земјотрес регистриран во централниот дел на Турција

February 18, 2023
1 min read

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 54 километри северозападно од градот Кахраманмараш

Нов силен земјотрес со јачина со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централниот дел на Турција, јавува новинаската агенција Ројтерс, повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). 

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 54 километри северозападно од градот Кахраманмараш.   

Засега нема извештаи за штети или жртви. 

Извор: Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ)

Минатата недела Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој однесе голем број жртви и предизвика материјална штета  и во Сирија. Како последица на земјотресот досега во двете земји се пријавени над 41 000 загинати, а илјадници други се повредени. 

Според проценките на Обединетите нации, бројот на загинати во земјотресот би можел да надмине 50 000. Станува сѐ помалку веројатно дека спасувачите би можеле да најдат уште преживеани под урнатините 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Љутков: Зад новиот “Тајмлес фестивал” стои партиски човек на СДСМ!

Следно

Кулеба го брани барањето за касетни бомби, Столтенберг против

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop