Уставен суд денеска расправа за Законот за јазици

December 11, 2024
1 min read

Денеска на седница Уставниот суд треба да се произнесе за иницијативите за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците во однос на Указот на негово прогласување, на 25 членови на законот, како и на Законот во целина.

Во 2019 година кога стапи на сила, Законот беше оспорен со 12 иницијативи пред Уставен суд. Уставните судии ги споија во еден предмет за кој ќе се расправа денеска.

Венецијанската комисија во 2019 година забележа дека Законот за јазици не е прецизен кои одредби важат само за албанскиот јазик, исто така и за другите јазици на заедниците.

Опозициската ДУИ во пресрет на расправата, почна со т.н. „стража на јазикот“, односно постави шатори пред Уставен суд, и како што велат, застанаа во „одбрана на Законот“.

Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати испрати порака дека „ништо нема да се случи“, и повика да не се потпаѓа под провокациите на ДУИ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Груби и Беџети на црната листа на САД, судството и политичарите бараат истрага и решавање на случајот

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Неотворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството, што го потврди САД со ставањето на црна листа

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно
Go toTop