Мицкоски: Во среда нема ништо да се случи, многу брзо ќе дознаете за огромниот криминал на поранешни владини функционери

December 8, 2024
1 min read

„Во среда нема ништо да се случи“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција денеска во Владата, запрашан за седницата на Уставниот суд на 11. декември за Законот за јазиците.

Тој рече дека ДУИ намерно прави поделби и етнички тензии.

„Разговараме со ВРЕДИ, ова е постапка која е тековна. Имаме ситуација не може сега никој да интервенира кај Уставниот суд, затоа што принципот како до сега заврши на 8. мај. Единствената тема со која ДУИ се присутни во јавност е да направат поделба по етничка основа, ги третираат само етничките прашања, не можат да наметнат тема ниту да привлечат луѓе кои ќе ги поддржат. Се обидоа со таа нивна зелена агенда, но не успеаја“, изјави Мицкоски и продолжи.

„Постојат две работи. Првата работа е да ги поделат граѓаните, и тоа јасно се виде од коалицијата на ВРЕДИ каде високи претставници од ДУИ се сликани со насилниците со оние кои го палеа државното знаме. И од оние информации кои располага МВР тоа го потврдува. Втората теза е дека и тие знаат добро, затоа што ДУИ 20 години поставуваа Уставни судии, дури знаат дека ништо нема да се случи во среда. И сега ќе излезат во јавноста и ќе кажат еве ние правевме притисоци, затоа ништо не се случи. Во среда нема ништо да се случи, има процедури, подготвителни седници и така натаму, но тие повторно ги злоупотребуваат Албанците, Македонците и ги малтретираат со обид на поделба и со обидот да привлечат внимание. Затоа ги молам сите граѓани, да бидат спокојни. Ова е изолирана група на поранешни високи владини функционери за кои постојат основани сомневања дека постои огромен криминал, кој набрзо ќе почне да се обелоденува. Без разлика колку се жилави и колку се борат, ќе ги поразиме, и едните и другите, и слугите и овие другите. Мора јавноста да ја дознае вистинската вистина, што се крие позади оваа хајка на овие политички профитери“, изјави Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДОКАЖАВМЕ ДЕКА ФИЛМОТ НЕ Е САМО ЗА МАЖИ, РЕЧЕ ЛАБИНА МИТЕВСКА ПРИМАЈЌИ ЈА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА ЗА КОПРОДУКЦИЈА

Следно

Мицкоски: Македонските граѓани се разочарани од ЕУ, но останува наша стратешка цел

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop