ДОКАЖАВМЕ ДЕКА ФИЛМОТ НЕ Е САМО ЗА МАЖИ, РЕЧЕ ЛАБИНА МИТЕВСКА ПРИМАЈЌИ ЈА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА ЗА КОПРОДУКЦИЈА

December 8, 2024
2 mins read

Од Луцерн за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина Костова

Горда сум што сум дел од европскиот филм и фала на сите овде што правите прекрасни, извонредни филмови кои ќе го променат светот, извика македонската продуцентка Лабина Митевска, примајќи ја наградата за копродукција на Еуримаж и на Европската филмска академија (ЕФА) на 37. Европски филмски награди во Луцерн. Митевска, која е прва македонска продуцентка со оваа награда, се заблагодари за признанието што ја чествува убавината и важноста на европските копродукции,  доби силен аплауз за говорот во кој повика на поддршка за европската филмска уметност.

Наградата ја претстави шведската актерка Наоми Рапас, која игра во новиот филм на сестра ѝ на Лабина, Теона Митевска, „Мајка“. Рапас рече дека Лабина е „извонредна жена, која и во најтешките моменти може да најде убавина и да те убеди дека сѐ е можно“.

Наградата ја претстави шведската актерка Наоми Рапас. (Фото: ЕФА)

„Многу ретко можам да зборувам на македонски јазик и ви благодарам за ова”, рече Лабина која во духот на швајцарската мултијазичност на церемонијата како и сите лауреати кажа една реченица на мајчиниот јазик.

„Пред 25 години долго време бев прва жена продуцентка, а сестра ми Теона беше прва режисерка. Ни требаа години и години да се докажеме во многу мачо балканското општество. Бевме жени и сакавме промена – да докажеме дека филмот не е само и ексклузивно за машки филмски професионалци. Сакавме да правиме европски копродукции со вклучување повеќе жени и најважно, сакавме да правиме бескомпромисни филмови. Не беше лесно и уште не е. Но верувавме дека уметноста, филмот ќе го промени светот. Денеска исто така веруваме дека филмот ќе го промени светот, ќе ни даде друга перспектива на светот“, рече Лабина.

На светот како никогаш досега му требаат раскажувачи на приказни со храброст, бестрашни, водени од нуждата да ги раскажат своите приказни”, рече Лабина. (Фото: ЕФА)

Кажа дека светот денеска е сѐ потажен, со војни, неправди и неодговорни политичари кои постојано создаваат бегалци, дека сме сведоци на „национализам, расизам и алчен експлоататорски капитализам“, а има многу земји со опресивни режими и без можност за слободно творење.

„На светот како никогаш досега му требаат раскажувачи на приказни со храброст, бестрашни, водени од нуждата да ги раскажат своите приказни”, рече Лабина и ја посвети наградата на татка си кој почина пред два месеца.

На церемонијата во Луцерн ја придружуваа сестра ѝ Теона, сопругот и ќерката.

Митевска е една од основачите на семејната продукциска куќа „Сестри и брат Митевски“ во Скопје, што со Теона и братот Вук ја лансираа во 2001. Како што велат од Еуримаж, Лабина е високо ценета актерка од Балканскиот Регион, која кариерата ја почна во филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски (1994), лауреатот на Златен лав во Венеција и номиниран за Оскар за најдобар странски филм.

Таа има копродуцирано девет филма со поддршка на Еуримаж, од кои шест како мнозински продуцент. Членка е на Европската филмска академија и национален претставник на ЕАВЕ. Во 2014 беше дел од „Producers on the Move“ на ЕФП на Канскиот филмски фестивал. Од 2022, Лабина е дел од продукцискиот тим на белгиската филмска компанија „Ентр шиен е луп“ (Entre Chien et Loup).

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЈП: Во ноември откриени неправилности кај 126 даночни обврзници

Следно

Мицкоски: Во среда нема ништо да се случи, многу брзо ќе дознаете за огромниот криминал на поранешни владини функционери

Latest from Blog

Коњановски: Инвестираме во патишта што го подобруваат секојдневието на граѓаните

Продолжуваат активностите за асфалтирање улици и патишта во Општина Битола. Денеска градежната оператива го асфалтираше коловозот на локалниот пат во селото Раштани. Се работи за три краци со вкупна должина од околу

Трагедија во Шпанија: Почина дете за време на прославата!

Тринаесетгодишно дете смртно страдаше во градот Сиудад Родриго во покраината Саламанка. Жителите на ова мало гратче на западот од Шпанија ја славеа титулата светски шампион кај фонтаната на кружниот тек Глориета дел

Каде е Инспекторатот за употреба на јазиците, итна оставка на директорот, бара ДУИ

Во само еден ден, Град Скопје двапати отворено ја прекрши законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје е двојазичен град и неговите институции имаат јасна законска обврска албанскиот јазик да го

Битола отвора можност за нови сертифицирани лични асистенти за лица со попреченост

Општина Битола објавува јавен повик за избор на лиценцирани обучувачи за спроведување на обука на лични асистенти за лица со попреченост, согласно Програмата за социјална заштита. Право на учество имаат сите правни
Go toTop