Емине Ердоган на Доха Форумот 2024: Случувањата во Газа можеме да ги дефинираме како постмодерен холокауст

December 7, 2024
2 mins read

ДОХА (АА) – Емине Ердоган, првата дама на Туркије, изјави дека случувањата во Палестина не се легитимен чин ниту манифестација на правото на самоодбрана, додавајќи дека тоа може јасно да се дефинира како „постмодерен холокауст“ кој Израел го врши на палестинска територија, јавува Анадолу.

Во главниот град на Катар денеска започна дводневниот Доха Форум 2024, кој се одржува на тема „Потреба од иновации“ и собра еминентни учесници од целиот свет. Анадолу ја има улогата на глобален комуникациски партнер на 22. издание на Форумот во Доха.

Првата дама Туркије присуствуваше на сесијата насловена„Едно срце за Палестина: Заштита на надежта во темнината на окупацијата и геноцидот“.

Говорејќи на Форумот на кој присуствуваат околу 6.000 луѓе, Ердоган истакна дека поминати се точно 395 дена откога палестинските деца го повикаа светот да ги заштити на прес-конференцијата што ја одржаа пред болницата Ал-Шифа.

Потсетувајќи дека поминаа 407 дена откако Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) ја дефинира Газа како „гробница на деца“, првата дама Ердоган рече дека поминаа 195 дена откако во гранатирањето на шаторскиот град на раселените жители на Газа во Рафа изгореа 44 лица.

Посочувајќи дека денеска е 428-ми ден од геноцидот врз Палестинците, првата дама Туркије, Ердоган, рече дека 14 месеци светот е сведок на еден од најбруталните напади на организирана суровост врз заедничката совест на човештвото и човечкото достоинство.

„Под превезот на ‘легитимна одбрана’ се прави обид да се избрише една држава, нејзиниот народ и култура. Цел се сите Палестинци, без разлика дали се млади или стари, машки или женски, христијани или муслимани. Сакам да прашам во име на сите оние кои имаат грижа на совест во која религија или правен систем може да биде легитимно брутално да се убијат 44 илјади цивили, од кои 16 илјади деца, и да се бомбардираат болници, училишта, места за богослужба или дури и сиропиталишта. Од кого би можел Израел да се штити со фрлање вкупно повеќе од 70 илјади тони бомби на Газа, каде половина од населението е помладо од 18 години?“, праша Ердоган.

Посочувајќи дека палестинскиот народ речиси еден век е подложен на систематска кражба, нехумана дискриминација и бескрајна окупација, првата дама Ердоган рече дека во изминатата година оваа окупација се претвори во еден од најмрачните геноциди во историјата.

„Она на што сведочиме во Палестина не е војна. Ова е обид да се наметне светски поредок во кој преживуваат само најсилните и најсуровите. Присилното наметнување на арбитрарен систем во кој се што имаме како човештво може да биде загадено, сите заеднички вредности можат да бидат компромитирани“, рече Ердоган.

Истакнувајќи дека светската срамна немоќ и лицемерната политика на светот пред овие злосторства во Газа, Ердоган го осуди молкот на западните земји, кои го бранат правото на Израел на самоодбрана.

„Ние, со едно срце за Палестина, цврсто се држиме за наследството на Ибрахим, кој го прифаќа целото човештво како духовни деца. Ние го следиме патот на мирот и спасението на кој се сите пионери на добрината и сите наши пратеници“, порача Ердоган.

Нагласи дека народот на Газа со својот чесен отпор и со својот непопустлив и достоинствен став пред тираните, го потсетува човештвото на доблестите што ги има заборавено.

„Тие внесуваат дух во нашите исушени срца, ја зајакнуваат нашата совест и ги претвораат во компаси кои можат да го разликуваат доброто од погрешното. Будењето на кое сме сведоци денес со собирите низ светот го најавува раѓањето на еден нов свет. Така, што е можеби најважно, Газа ги осветлува нашите животи помрачени од геноцидот и окупацијата. Надежта не е само чувство, надежта е избор. Тоа значи да се будиме секое утро и да одлучиме да веруваме во светла иднина со истиот ентузијазам и храброст и покрај се“, нагласи Ердоган.

Истакнувајќи дека Туркије продолжува со дипломатските напори како за доставување хуманитарна помош во Газа и за постоењето на Палестина како независна држава, првата дама Ердоган рече дека Туркије испраќа најмногу помош во Газа со испратени 88 илјади тони помош.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Норис ја освои пол-позицијата за Големата награда на Абу Даби

Следно

24 тема: “Одложено“ родителство, причини и последици

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop