Трајанов: Државата моментално не е загрозена од екстремизам и тероризам

December 7, 2024
1 min read

Во земјава се следи состојбата во однос на радикализацијата и поттикнувањето на екстремизам, по разни основи. Присутни се обиди за поттикнување на верскиот радикализам но, тие не се толку загрижувачки. Клучен е етничкиот национализам што на еден или друг начин го поттикнуваат партиите, кој што за жал, се потврди со неодамнешните инциденти со знамињата. Генерално Македонија моментално не е загрозена од екстремизам и тероризам, вели во разговор за МИА Павле Трајанов, национален координатор за справување со насилен екстремизам и борба против тероризмот.

Како прв човек во Националниот комитетот чија цел е следење и анализирање на состојбата со превенцијата на насилниот екстремизам и борба против тероризам во државата, негова задача е да ги координира, учествува и насочува активностите на вкупно 22 државни институции кои се вклучени во имплементацијата на Националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и акциските планови.

Во Националниот комитет партиципираат 22 институции меѓу кои се и МВР, АНБ, АР, министерствата за правда, за образование, за труд, Управата за извршување санкции. Комитетот е во фаза на основање на новиот персонален состав, бидејќи сите институции номинирале нови претставници.

-На првата борбена линија за справување со насилен екстремизам и борба против тероризмот, главни се МВР, АНБ, Агенцијата за разузнавање, военото разузнавање кои што собираат сензитивни информации и ги обработуваат и кои соработуваат со сите балкански држави, но исто така соработуваат и со моќните странски служби, кои располагаат со повеќе информации на размена на информации и се доаѓа до информации кои се битни. Тоа се пошироки секојдневни активности, кои што не се врзани само со повратниците. Тука се директно вклучени Советот на Европа, кој има посебен проект за пенален третман на повратниците, ОБСЕ е вклучен со посебни програми за обука на институциите, за опремување. Тука е вклучена и ЕУ со која имаме заеднички план за активности, всушност сите балкански држави имаат потпишано договор за активности и во моментов се прави нов план за следните четири години. Тука е и ИОМ – Меѓународната организација за миграции, која е вклучена во сите овие активности, појаснува Трајанов.  

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Тадеј Погачар најдобар велосипедист за 2024 година

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува лојален на Заев, а со тоа останува лојален на криминалот и корупцијата

Latest from Blog

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги
Go toTop