Кадриу и Ајдари, ќе ја бојкотираат седницата на Уставниот суд со Законот за јазици

December 6, 2024
1 min read

Уставните сидии, Осман Кадриу и Насер Ајдари, нема да учествуваат во работата на Уставниот суд, во среда наредната недела, кога на седница ќе биде Законот за албанскиот јазик. Отсуството го најавија со образложение дека ќе бидат надгласани. Уставниот суд треба да донесе отлука дали некои одредби од Законот се уставни или, пак, не.

Кадриу за медиумите рече дека ‘за нив не е разумно да се дел од мнозинство што ќе донесе одлука во врска со прашања од албански национален карактер’. Двајцата судии беа именувани од Собранието кога ДУИ беше власт во земајва. 

Од Уставниот суд засега немаат коментари за одлуките на двајцата колеги. ниту пак за нивните ставови поврзани со Законот за уптреба на јазиците. Инаку Кадриу и Ајдари беа именувани од Собранието, во времето кога ДУИ беше владејачка партија.

ДУИ во изминатиот период предупредува дека не е ‘правно’ да биде укината која било одредба од Законот за употреба на јазиците и тоа ќе претставува ‘директен удар врз стабилноста и мирот на државата’.

Во партиското соопштение на интегративците пишува дека Законот за јазиците е производ на сложен компромис, постигнат по години на макотрпни преговори и претставува темел на меѓуетничката еднаквост и взаемната почит.

„Одлука која би го загрозила овој закон би претставувала тешко кршење на Охридскиот договор и враќање назад кон неизвесна и нестабилна иднина“, наведуваат од ДУИ во соопштението“, пишува во партиското соопштение.

Премиерот, Христијан Мицкоски смета дека не постои опасност по безбедноста на државата.

„Не постои опасност по безбедноста, ниту некогаш сме дозволиле да постои. Сме предупредувале дека има обиди да се наруши безбедноста и ова е еден од тие обиди. Има некои места каде што се состануваат поединци кои сакаат да направат безбедносна тензија. Ние како држава и Влада ќе сториме се за да гарантираме безбедност“, рече Мицкоски.

Предметот за Законот за јазиците е оформен во 2019 година. Составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија. Против одредени одредби во Законот за јазиците негативно се произнесе и Венецијанската комисија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зимата ја продлабочува кризата: ОН повикуваат на итна испорака на помош за Газа

Следно

Тошковски: Имаме оперативни информации дека екс градоначалник на ДУИ директно бил вклучен во организирањето на настаните на 28 ноември

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop