Авион на
„Меса ерлајнс“ кој летал за Ел Пасо, Тексас, морал да се врати во Хјустон
откако му пукнало ветробранското стакло кратко по полетувањето. Авионот, кој
летал за „Јунајтед ерлајнс“, безбедно слетал на Интерконтиненталниот аеродром
„Џорџ Буш“ околу 13:00 часот. Од „Меса ерлајнс“ изјавија дека нема повредени
патници ниту членови на екипажот.
„Кратко по
полетувањето, ветробранското стакло од страната на копилотот пукнало. Немало
губење на притисокот во кабината, но враќањето на аеродромот е стандардна
процедура во такви ситуации“, изјави портпарол на „Меса ерлајнс“ за Си-Ен-Ен
(CNN). Снимките од разговорот со контролата на летање потврдуваат дека немало
губење на притисокот во кабината, објави KTRK, филијала на Си-ен-ен.
Летот
вратен назад во Хјустон
Податоците
од веб-страницата за следење летови Flightradar24 покажуваат дека
авионот полетал од аеродромот „Џорџ Буш“ околу 12:20 часот. Откако се упатил
кон северозапад, направил закрот и се вратил во Хјустон. По слетувањето,
противпожарната служба на Хјустон реагирала на местото на настанот и потврдила
дека авионот е безбеден, изјавија за Си-Ен-Ен службеници од аеродромот.
Патниците
биле префрлени во заменски авион за да го продолжат своето патување. Според
податоците на Flightradar24, тој лет слетал во Ел Пасо во 15:14 часот.
Извор: vecer.mk

