Истражување TIMSS 2023: Учениците од Сингапур први по математика и природни науки, Франција последна меѓу земјите на ЕУ

December 5, 2024
2 mins read

Резултатите од TIMSS (Trends in International Mathematics and Science Study), меѓународно истражување за трендовите во математичко и научно знаење, кое на секои четири години го спроведува Меѓународната асоцијација за евалуација на образовните достигнувања (IEA) оценувајќи го успехот по математика и природни науки кај учениците од четврто и осмо одделение, беа објавени во средата, известува Анадолу.

Кога станува збор за TIMSS 2023, 59 земји и шест регионални ентитети, провинции или градови во светот учествуваа во тестирањето на постигањата на учениците од четврто одделение по математика и природни науки, додека тестирањето на учениците од осмо одделение беше спроведено во 44 земји и три ентитети.

Презентацијата на меѓународниот извештај и резултатите TIMSS 2023 се одржа во средата во Музејот на иднината во Дубаи.

Повеќе од 650.000 ученици од 64 земји учествуваа во истражувањето TIMSS 2023 година.

Овие меѓународни резултати се важен ресурс за истражувачите, креаторите на политики и едукаторите за да го следат математичко и научно образование ширум светот.

Некои клучни наоди покажаа дека значителен процент од четврто и осмо одделение ширум светот достигнале ниски меѓународни стандарди во математиката и природните науки во 2023 година.

Резултатите од краткорочните трендови покажуваат поголеми разлики во постигнувањата меѓу момчињата и девојчињата во истражувањето на TIMSS 2023 во споредба со TIMSS 2019 година, особено кај учениците од четврто одделение.

Постои јасна врска помеѓу домашните ресурси и постигањата по математика и природни науки за четврто и осмо одделение на меѓународно ниво.

Повеќе од еден од десет ученици на меѓународно ниво пријавуваат дека не присуствуваат на училиште најмалку еднаш неделно.

– Сингапур постигна најдобар успех

Сингапур повторно е земја со најдобри перформанси по математика и природни науки меѓу учениците од четврто и осмо одделение.

Четвртоодделенците во Сингапур освоиле дури 615 поени на тестот по математика. Останати земји меѓу првите пет се Тајван (607 поени), Хонг Конг и Кореја (по 594 поени) и Јапонија (591 поени).

Четвртоодделенците во Сингапур освоија 607 поени на тестот по природни науки. Други земји во првите пет се Кореја (583), Тајван (573), Туркије (570) и Англија (556).

Осмоодделенците во Сингапур најдобри резултати имаа и на тестот по природни науки, освојувајќи 605 бодови. Следат Тајван (602), Кореја (596), Јапонија (595) и Хонг Конг (575).

– Туркије постигна историска пресвртница

Туркије годинава го постигна најдоброто претставување откако земјата почна да учествува во ова истражувањето 1999 година.

Вкупно 9.466 ученици од 282 училишта од Туркије учествуваа од 2 до 26 мај годинава на истражувањето на TIMSS 2023.

Според резултатите на TIMSS, учениците од четврто одделение во Туркије се рангирани на прво место меѓу европските земји и на второ место меѓу земјите од Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД) во областа на природните науки.

Турските четвртоодделенци се најдоа на четвртото место по математика меѓу земјите на ОЕЦД.

– Лошите резултати на Франција предизвикаа дебата

Франција е на дното на рангирањето меѓу земјите од Европската унија, додека меѓу земјите на ОЕЦД е претпоследна во областа на математиката и природните науки, што го доведе во прашање нејзиниот образовен систем.

Француските ученици постигнаа резултати под просекот на ОЕЦД, што предизвика широка дебата во земјата. Локалните медиуми ги објавија резултатите, опишувајќи ги како повик за будење до креаторите на политиките и едукаторите.

Француските четвртоодделенци освоија просечни 484 поени по математика, што ги става под просекот на ОЕЦД и ги рангира на 42-то место меѓу 58 земји-учеснички, објави весникот „Ле Монд“. Во истражувањето во природни науки Фрација постигнаа просечен резултат од 488 поени, што исто така е под просекот на ОЕЦД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Градоначалникот ќе може да се отповика на Референдум

Следно

Шеќеринска имаше прво обраќање во новата улога во НАТО

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop