Изгласана недоверба на француската влада, Барние денеска ќе поднесе оставка, Макрон ќе и се обрати на нацијата

December 5, 2024
1 min read

Три месеци откако беше изгласана, падна француската влада. Мнозинство пратеници му изгласаа недоверба на премиерот Мишел Барние. Клучната задача на Барние, која го донесе и неговиот пад, беше усвојувањето на буџетот за 2025 година, кој, како што порача треба да се справи со дефицитот на земјата преку зголемување на даноците и намалување на трошоците од 60 милијарди евра.

Но, Барние успеа во намерата да се одобри нацрт-законот за финансирање на социјалното осигурување, користејќи член од уставот, кој и дозволува на владата да донесе законски решенија без гласање во парламентот. На оваа одлука, неколку партии, пред се левицата и десницата одговорија со гласање недоверба.

 

„Не можам да ја прифатам идејата дека институционалната дестабилизација би можела да биде целта што ги собира мнозинството претставници во време кога нашата земја се соочува со длабока морална, економска, финансиска и граѓанска криза.“ – Мишел Барние поранешен премиер на Франција.

Од опозицијата порачуваат дека гласањето недоверба е знак на надеж и дека огромното мнозинство Французи ја поддржуваат таквата одлука..Го обвинија и Емануел Макрон дека го оставил францускиот народ во неизвесност непосредно пред Божиќ.

„Емануел Макрон ги напаѓа темелите на нацијата во последните седум години. „Само со неговата оставка тој може да ја извлече земјата од ситуацијата во која се наоѓа..“ – Марин Ле Пен претседател на партијата Национален Фронт.

За попладнево, најавено е обраќање на Емануел Макрон. Француските медиуми, повикувајќи се на извори од елисејската палата, наведуваат  дека Францускиот претседател има намера за брзо време да назначи нов мандатар, можеби дури уште и вечерва.

Во меѓувреме, од Француската унија на мали и средни претпријатија предупедуваат дека со неусвојувањето на буџетот, се ризикува од катастрофа на една од водечките европски економии.

„Ако Франција остане без буџет, тоа ќе ја отвори вратата за должничка криза, чии последици сериозно ќе се одразат на економијата.“ – Унија на мали и средни претпријатија на Франција.

Ова е првпат од 1962 година француската влада да падне поради гласање недоверба. Тогаш беше соборена владата на Жорж Помпиду, додека претседател на земјата беше Шарл де Гол. Со гласањето недоверба, владата предводена од Барние стана влада со најкраток век од која било администрација на Петтата француска република, која започна во 1958 година.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Корупцијата останува врвен проблем за граѓаните

Следно

Касаноф: Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните реформи

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop