Со лопати се ринеше снегот, крцкаше на калдрмите, но корзото не се испушташе во старо Скопје

January 9, 2023
1 min read

На зимите во Скопје секогаш се сеќаваме со голема љубов и воодушевување. Кого и да прашате од повозрасните скопјани, веднаш ќе ви рече: зиме имаше изобилство снег, а низ воздухот не провејуваа само снегулките туку и радоста и бистрината од пријатното студенило при вдишувањето, при чекорењето, при чекањето на некој пријател за на корзо или на девојката за во кино. А бистрината најмногу доаѓаше од чистиот воздух, оној што ви го разбиструва умот и ви дава животна сила. Оној што повеќе го нема. Снегот крцкаше под нозете, се лизгаше калдрмата, коцката, плочките од тротоарот, но корзото не смееше да се испушти, нотира Данило Коцевски во „Скопските легенди“. 

И во најстудените зими младите смислуваа една итрина: наместо редицата од корзото што доаѓаше откај плоштадот да сврти назад, младите го продолжуваа шетањето влегувајќи во холот на железничката станица, за да се стоплат. Заплиснуваше топлината од групите луѓе што чекаа или купуваа билети, нѐ пречекуваа и збунуваа необичните, впечатливи, издолжени фигури од фреските на Борко Лазески, раскажува тој. 

Во тие предземјотресни скопски зими или ние не бевме доволно израснати или снеговите беа преголеми. Кога ќе напаѓаа снеговите, во паркчето наспроти Собранието (денес познато како паркот „Жена-борец“) со лопати се ринеше снегот, се правеа патеки и премини во вид на мали тунели што ни стигнуваа дури до рамениците. Толку многу имаше снег. А од кината, не знаевме кое од кое е постудено, иако во некои имаше и ќумбиња, а во некои и сосема пристојно затоплување. Најдоброто затоплување, се разбира, беше топлиот здив од публиката. Студот во кината „Куклен театар“, „Младина“, „Балкан“, „Напредок“ или „Братство“ беше поднослив. Особено ако се појавеа Брижит Бардо, Анита Екберг, Мерилин Монро, Росана Подеста, Џејн Менсфилд. Рака на срце, во кината „Култура“ и „Вардар“, овие предвеснички на сексуалната револуција и не мораше да се појават, бидејќи тие кина беа најпристојни и најзатоплени. А топлината, убавината и високиот стил, каде можеа да бидат на друго место ако не во -театарот.

Се разбира, сето ова се случува во подоцнежните години. А многу порано, во детството, за големите снегови и мразот се потребни санки, лизгалки и разни други помагала што ќе ви се најдат при рака, пишува познатиот хроничар на Старо Скопје 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Има решение за инфлацијата, ама нема да ви се допадне

Следно

Зеленски: Имав суштински разговор со премиерот на Северна Македонија

Latest from Blog

Тајната за среќна и долготрајна врска се крие во една едноставна работа

Психологот Марк Траверс објаснува два начина на кои смеата може да ја подобри секоја врска. 1. Ја зајакнува емоционалната блискост и чувството на поддршка Во блиските односи, не се клучни големите гестови,

Синот на Никола Саркози и неговата сопруга со црногорско потекло станаа родители

Тој објави фотографија од својата сопруга Натали како го држи новороденчето во раце во породилното одделение. Заедно со фотографијата, која собра речиси 17.000 лајкови за само неколку часа, тој го откри и

Цвијановиќ: Кризата во БиХ ја предизвика Шмит со недејтонски и неуставни потези

Српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, денеска изјави дека ситуацијата во БиХ – за која високиот претставник за таа земја, Кристијан Шмит, поднесе извештај пред Советот за безбедност

Атлетико се враќа триумфално од Андалузија

За само едно полувреме, Атлетико (М) ја оствари петтата победа сезонава во Ла Лига и остана во ТОП 4 на табелата. Вечерва на тешкото гостување во Андалузија, тимот на „јорганџиите“ славеше со
Go toTop