Маестралните „Голдберг варијации“ во изведба на пијанистот Дино Имери во среда

December 2, 2024
1 min read

Едно од најпознатите дела на музичкиот гениј Јохан Себастијан Бах, неговите „Голдберг варијации“, ќе прозвучат на 4 декември (среда) во Културно-информативниот центар (Салон 19,19) во 20 часот, во изведба на нашиот истакнат пијанист Дино Имери.

Концертот наречен „Кодот на Бах“ е поддржан од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија, а покрај овој централен настан, маестро Имери во соработка со Германската амбасада во Скопје реализира таканаречена „Недела на Бах“ со стручни предавања и работилници за деца.

Влезот за концертот е слободен.

Инаку, „Голдберг варијациите“ се споменик во целокупната западна класична музика. Икона што секој треба да ја чува во срцата и во умот, не само затоа што во нив е сокриена една прекрасна идеја на Јохан Себастијан Бах (1685-1750) за тоа како треба да звучи музиката, туку и денес се репер за нешто возвишено, нешто што ретко кој го можел и може да го достигне. Ова дело го опишуваат како Рубикова коцка – инвенција и архитектура во совршено единство. Во поново време, варијациите повторно станаа актуелни по фасцинантната изведба на маестралниот канадски пијанист Глен Гулд.

„Голдберг варијациите“ се составени од 30 варијации и една орнаментирана Арија, чија бас-делница и хармонска прогресија е придвижувач на варијациите. Снимката на „Голдберг варијациите“ од 1955 година во изведба на Глен Гулд, го променила начинот на размислување за тоа како се доживувало ова дело. Јохан Себастијан Бах создал магија од музика. Целото негово творештво е неповторливо и уникатно, но „Голдберг варијациите“ се центарот на неговиот свет. Тие се сон за секој пијанист. Со право се смета за едно од најгенијалните и најкомплексните дела на Бах, во кое се покажува неговиот талент за хармонија, контрапункт и виртуозност.

Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Со огромен успех настапува на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, како рецитален уметник и како камерен музичар. За него француската критика ќе напише: „Дино Имери – магионичар на пијаното..“ (Magazine, OPS), а неговите уметнички креации не ја оставаат рамнодушна публиката на неговите концерти. Настапувал со Стразбуршкиот филхармониски оркестар, Софиската филхармонија, Македонската филхармонија, Симфонискиот и Камерниот оркестар на ФМУ – Скопје, Оркестарот на Националната опера и балет… Добитник е на бројни награди и признанија: „Виртуози“ за млад музички уметник, „Св. Мајка Тереза“ за хуманост, Лауреат на Фондацијата „Томислав Зографски“, „Златна Бубамара на популарноста“, ранг во десетте најдобри млади европски пијанисти според „3eme Concours européen de piano“ – Normandie и др. Имери се потпишува на повеќе изданија за престижни дискографски куќи, бележи успеси и како композитор, пишувајќи музика за филм, театар, инструментална и вокална музика. Со своето образование се стекнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ (класа на проф. Људмила Романова), дипломира со високи почести на ФМУ-Скопје (класа на проф. Борис Романов), а магистрира со високи почести и просек 10,00 на ФМУ-Скопје (класа на проф. Симон Трпчески). Од 2018 година, Имери предава на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Единствена опција на Дамева беше да си даде оставка, велат од Владата

Следно

ДКСК примила претставка за директорката на АР – дали наводите се точни или не, ќе утврдува Сиљановска Давкова

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop