ВО ВАКОВ МОМЕНТ МИ Е НЕПРИЈАТНО ШТО СУМ ЖИВ, КАЖА ГОРАН ТРАЈКОСКИ НА ПРОМОЦИЈАТА НА МОНОГРАФИЈАТА ЗА НЕГО

December 1, 2024
1 min read

Култниот македонски музичар Горан Трајкоски призна дека му е непријатно што е жив и што може да сведочи на излегувањето на монографијата за него, која беше промовирана вчера во Галеријата на Младински културен центар во Скопје. Едноставно насловена „Готра“, ова е петта антологиска книга на Тошо Филиповски за македонската рок музика во последните шест години, но прва што ја посветува на една личност.

Трајкоски, кој беше дел од бројни музички проекти, меѓу кои се издвојуваат „Сарацени“, „Падот на Византија“, „Мизар“, „Анастасија“ и „Мугер Фугер“, доби стоечки овации од присутните по завршувањето на промоцијата, по што многумина сакаа да им ја потпише книгата, а некои донесоа и цедеа и плочи.

„Готра“ е петта антологиска книга на Тошо Филиповски за македонската рок музика во последните шест години (Фото: Г. Конев)

Кога Тошо првпат ме праша дали сакам да прави вакво нешто, тоа беше еден од најтешките периоди во мојот живот, зашто бев на пат да ја изгубам мојата животна сопатничка. Му реков прави што сакаш, јас не можам да ти помогнам. Не ме контактираше премногу, само за некои фотографии и текстови. Книгата уште не сум ја видел, но мора да кажам дека се чувствувам доста непријатно што сум жив. Не знам како да реагирам на ова, мојата претстава за вакви моменти отсекогаш била поинаква. Пред неколку месеци дури му реков да ја одложи книгата за барем две години зашто во следниот период сакав да направам уште неколку албуми, па и нив да ги внесе. Но, тоа не ми беше целта, мислев ќе се откаже“, изјави Трајкоски.

Книгата, чиј издавач е „Корпус деликти рекордс“, содржи над 200 фотографии на 333 страници и изјави и сеќавања на 50-ина музичари и новинари од целиот Балкан.

Трајкоски потпишуваше книги, но и цедеа и плочи (Фото: Г. Конев)

Филиповски кажа дека и оваа книга треба да му покаже на западот дека имаме култура рамна на тамошната и во некои случаи и поквалитетна и се осврна на тоа како Трајкоски влијаел врз неговиот живот.

Еден од оние на кои треба да бидеме горди и да им оддадеме почит е Горан Трајкоски, кој на некој начин ми го насочил животот, го сменил од тинејџер пубертетлија кој растел во Кочани во 1980-тите во овој сегашен Тошо Филиповски. Тој беше првиот кој ме пречека и прими кога дојдов во Скопје во 1987, ме упати во сцената и луѓето и потоа продолживме да комуницираме преку писма. Во 1990-тите ни се разидоа патиштата, тој со ‘Анастасија‘, јас панкер кој сака да го менува светот. Ние не сме се дружеле многу, но преку писмата и музиката, Готра многу ме инспирираше“, рече Филиповски, најавувајќи дека веќе од следната недела почнува да пишува нова книга.

Г. КОНЕВ

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

РКЕ утре ќе ја соопшти новата цена на струјата

Следно

Таравари: За прв пат во историјата на Македонија има уапсен за палење на албанското знаме

Latest from Blog

ПУТИН ЌЕ НАПАДНЕ ОД БЕЛОРУСИЈА? – планови за итен пад на Киев!

Главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, во интервју за украинската телевизија „ТСН“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му наложил на рускиот Генералштаб да ги пресмета различните опции за спроведување на

Македонија доби нов Закон за обновливи извори: Повеќе инвестиции, поголема енергетска независност

Собранието го усвои новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетскиот сектор во последните децении. Со ова законско решение, за

Шпанија го заврши вториот најтопол јуни досега со речиси 900 смртни случаи од топлина

Шпанската метеоролошка агенција Aemet вели дека јуни бил „екстремно жежок“, втор најтопол од 1961 година. Се проценува дека топлотниот бран предизвикал речиси 900 смртни случаи, според системот за следење на MoMo. Шпанија

Како да се од некоја друга планета: БРИЛИЈАНТНА Франција!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Франција – Шведска 3:0. Уште едно блескаво, фантастично, брилијантно издание на „Триколорите“. Оваа Франција како да е од некоја друга планета.Оваа Франција е моќна, моќна. Вистински празник е за фановите да
Go toTop