Евробарометар: Над половина од македонските граѓани ѝ веруваат на ЕУ

November 30, 2024
1 min read

Повеќе од половина од граѓаните на Северна Македонија, односно 56%, имаат доверба во Европската Унија, покажува есенското истражување на Евробарометар за 2024 година.

Слична доверба кон ЕУ изразуваат и граѓаните на Босна и Херцеговина, додека Албанија со 81% води меѓу земјите кандидати, следена од Црна Гора (75%), Косово (70%) и Грузија (58%). Помала доверба од македонските граѓани изразуваат Молдавците со 52%, додека граѓаните на Србија (38%) и Турција (42%) се под 50%, иако во двете земји довербата бележи раст во однос на пролетното истражување.

Во рамките на ЕУ, довербата во Унијата достигнува 51%, што е највисоко ниво во последните 17 години. Младите Европејци на возраст од 15 до 24 години се најголеми поддржувачи, со доверба од 59%. Во исто време, 74% од Европејците изјавиле дека се чувствуваат како граѓани на ЕУ, а 61% се оптимисти за иднината на Унијата.

Европејците најмногу веруваат дека ЕУ треба да се фокусира на безбедноста и одбраната (33%), миграцијата (29%), економијата (28%) и животната средина (28%). Поддршката за заедничката валута, еврото, е исто така на највисоко ниво, со 74% одобрување на ниво на цела Унија.

Есенскиот Евробарометар покажува дека Европејците гледаат на ЕУ како на место на стабилност и сила, особено во време на глобални предизвици како што е руската инвазија врз Украина. Анкетата е спроведена во земјите членки на ЕУ, девет земји кандидати и Велика Британија, со вкупно 26.525 испитаници само во ЕУ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмногу снег во Берово, најстудено на Попова Шапка

Следно

Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово

Latest from Blog

ВЛЕН: Почнува вистинската реформа во јавното здравство

На вчерашната владина седница беа донесени две клучни одлуки кои, според Коалицијата ВЛЕН, претставуваат директен удар врз долгогодишниот хаос и занемарување во јавното здравство. Како што соопштуваат од ВЛЕН, под водство на

Роберто Мартинес: Стремежот на Роналдо да биде најдобар е заразен

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинес, откри зошто Кристијано Роналдо останува клучна фигура во тимот и покрај неговата напредна фудбалска возраст. На прашањето зошто напаѓачот, кој наскоро ќе наполни 41 година, останува незаменлив

Ракот со интензивни емоции, соништата и претчувствата носат важни пораки за Рибите

ОВЕН На овој ден, вашиот фокус нагло се префрла од професионалните амбиции кон домашната удобност, иако внатрешната напнатост не стивнува веднаш. Важно е свесно да го „исклучите“ работниот режим пред попладневните часови.
Go toTop