ВМРО-ДПМНЕ: Децата на Заев во партиското раководство на неговата марионета, Филипче не можат да бидат решение, тие се виновниците за лошите состојби во државата

November 29, 2024
1 min read

Нема нови лица во СДС. Целото партиско раководство, под водство на марионетата на Заев, Венко Филипче се стари и излитени кадри, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Сите до еден се луѓе на Зоран Заев и тој сеуште раководи со партијата. Филипче е само фигура и само на хартија претседател на СДС. Третиот и четвртиот ешалон од времето на владеење на Заев со државата и со СДС, сега се најдоа во најтесното раководство на партијата, каде што за претседател е поставен Венко Филипче, марионета на Заев. Најголемите потрчковци и послушници на Заев, меѓу кои и разни поранешни НВО и Сорос активисти, кои само тој може да ги контролира, сега ги става во служба на Филипче. Граѓаните, но и чесните членови на СДС, не можат да очекуваат ништо ново од рециклирани кадри, верни слуги на Заев кои сега се ставија во служба на Филипче. Тие кои се изворот на најдлабокиот изборен пораз на СДС во историјата, не можат да бидат решение и да се продаваат за нови лица. Како верни извршители на наредбите на Заев, сегашното раководство на СДС на чие чело е поставена неговата марионета, Венко Филипче се директно виновни за целосниот хаос во државата. Тие се виновни што за седум години власт, не преземаа никакви мерки и што граѓаните дишат загаден воздух. Целото раководство на СДС, а пред се и Филипче, како поранешен министер за здравство, се директи виновници за лошите состојби во здравството. Тие се виновни и за неинвестирањето во инфраструктурата, како и за целосното назадување во сите полиња на државата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најлошиот избор на децата на Заев кои сега се раководство на СДС и во служба на неговата марионета, Венко Филипче како што за седум години ја заглавија и уназадија Македонија, така можат само дополнително да го заглават и СДС, додаваат од владејачката партија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Максути: Имаме повеќе кривични дела за луѓето кои избегнуваат да служат воен рок, отколку за криминалци кои се бават со сите други кривични дела

Следно

Тројца Палестинци се убиени во израелски воздушен напад врз северниот дел на Газа

Latest from Blog

По три децении, Битола повторно ќе го бодри националниот тим

Битола по цели 31 година повторно ќе биде домаќин на еден репрезентативен натпревар. На 9 септември, на стадионот „Петар Милошевски“, младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ќе го одигра квалификацискиот

Белгија го прегази Лихтенштајн, Германија се „сопна“ кај Словачка (ВИДЕО)

Белгија не дозволи никакво изненадување на вечерашното гостување кај Лихтенштајн и со убедливи 0:6 ја обезбеди и втората победа во групата во која е и нашата репрезентација. Во третиот меч Белгија тргна

Меџити од Дуќанџик: ВЛЕН е иднината на Чаир, а не сателитите на ДУИ! (ВИДЕО)

Првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, заедно со носителот на советничката листа Мухамед Муртези и пратеникот Беким Сали, вечерва беа пречекани во конакот на хаџи

Гугл ќе плати отштета од 425,7 милиони долари за шпионирање на паметни телефони

Американскиот федерален суд му наложи на Google да плати 425,7 милиони долари за нелегално шпионирање на паметните телефони на луѓето во текот на речиси една деценија. Пресудата од среда во федералниот суд
Go toTop