Азербејџан подигна шаторски град по земјотресот што ја погоди јужна Туркије

February 17, 2023
1 min read

КАХРАМАНМАРАШ (АА) – Азербејџан подигна шаторски град во Кахраманмараш, епицентарот на минатонеделните два земјотреси, каде што волонтери им нудат топли оброци на жртвите, јавува Анадолу.

Менаџерот на шаторскиот град, полковник Халиг Хусеинов, за Анадолу изјави дека веднаш по земјотресот тим од 720 лица за пребарување и спасување заминале во регионот по инструкции на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Наведувајќи дека се наоѓаат во регионот за да се намалат последиците од земјотресите, Хусеинов рече дека ќе останат во Туркије додека сѐ не се врати во нормала.

„Досега поставивме 760 шатори и тоа продолжуваме да го правиме. Шаторите се за шест лица и во секој од нив има шпорет на дрва и приклучок на струја. Креветите и целата потребна опрема ќе ги даде нашиот тим. Ќе направиме сѐ што е потребно за да бидеме таму за нашите браќа и сестри“, рече Хусеинов.

„Кога дојдовме во регионот на земјотресот, бевме запрепастени од работите што ги слушнавме од жртвите. Ова не е само проблем на Туркије, туку и на Азербејџан“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Новинарски марш: Да престанат потценувањето и омаловажувањето

Следно

Земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди Индонезија

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop