Земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди Индонезија

1 min read

АНКАРА (АА) – Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди Туал на островите Кеи во индонезиската провинција Малуку, јавува Анадолу.

Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот со јачина од 6,1 степен според Рихтер бил на 130 километри југозападно од градот Туал.

Соопштено е дека земјотресот се случил на длабочина од 38,6 километри под тлото.

Нема информации за евентуални човечки жртви или материјална штета.

Во регионот Ачех во Индонезија, по земјотресот во 2004 година, животот го загубија околу 170.000 луѓе.

Наоѓајќи се во трусно подрачје и во вулканскиот појас наречен „Пацифички огнен прстен“, Индонезија е меѓу најпогодените земји од природни катастрофи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Азербејџан подигна шаторски град по земјотресот што ја погоди јужна Туркије

Следно

Поставени нови патоказни сообраќајни табли на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“

Latest from Blog