Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

November 27, 2024
1 min read

Во Собранието денеска седници ќе одржат две комисии – Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Комисијата за финансирање и буџет.

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година. Вкупните приходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиoни денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП. Инфлацијата се очекува да се намали на ниво од 2,2 проценти, како резултат на стабилизирањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите на меѓународниот пазар, забавувањето на странската ефективна инфлација, како и поумерениот притисок од базичната инфлација. Извозот се очекува да има раст од 4,2 проценти, а увозот од 4,4 проценти како резултат на очекувањата за постепено стабилизирање на меѓународното опкружување и зголемувањето на надворешната побарувачка. 

Амандманската расправа почна на 19 ноември, а треба да заврши најдоцна до 30 ноември. Поднесени се вкупно 307 амандмани од кои 204 на опозицискиот СДСМ.  По амадманската расправа како Дополнет предлог буџет се враќа во Владата на финално одобрување по што согласно законските рокови, треба да биде изгласан во Собранието до крајот на оваа календарска година.

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пак, ќе дискутираат за предлог – одлуките за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор, за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата,  за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието  за соработка со парламенти на други држави. Исто така и за утврдување на предлог одлуки за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација и Разгледување на барањето за остварување на плата по престанок на функцијата Заменик Народен правобранител.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гвардиола: Мораме да му помогнеме на Гвардиол (ВИДЕО)

Следно

Повеќе од 40.000 луѓе го напуштија главниот град на Хаити во изминатите 10 дена поради насилство на бандите

Latest from Blog

Турција и Грција ќе ја прошират соработката за достигнување на целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Соработката меѓу Анкара и Атина ќе се прошири во различни сектори за да се постигне целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија, изјави денес турскиот заменик-министер за надворешни

МЗТ Скопје до прв триумф во полуфиналната серија со МКК Куманово

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија сигурна победа од 81:64 во првиот дуел со МКК Куманово од полуфиналната серија на плејофот во македонската машка кошаркарска лига. Домаќините издоминираа во првите дваесет минути и

Јеменските Хуси објавија дека истрелале ракета кон израелскиот аеродром „Бен Гурион“

АНКАРА (АА) – Јеменските Хуси денес соопштија дека истрелале ракета кон аеродромот „Бен Гурион“ во Централен Израел, со што ја прекинале работата на аеродромот, пренесува Анадолу. Во соопштението на војската на Хусите

Папата Лав 14ти ја одржа првата миса со порака за враќање на човештината меѓу луѓето

Прв работен ден за папата Лав Четиринаесетти. Поглаварот на римокатоличката црква ја одржа својата прва голема миса. Ја повика католичката црква да се спротистави на недостатокот на вера кај луѓето и предупреди
Go toTop