СИРИЗА избра нов лидер

November 25, 2024
1 min read

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА, Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина.

Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг.

Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите.

Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час.

По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“.

Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија.

На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место.

Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.  (МИА)

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Следно

Продолжува судскиот процес за двојното убиство: Кешишев го смени исказот

Latest from Blog

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19
Go toTop