Собрани 30.378.353 денари за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

February 17, 2023
1 min read

Заклучно со 16.02.2023 година преку телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст се уплатени вкупно 30.378.353 денари.

Црвениот крст на Република Северна Македонија по апелот на Меѓународната дедерација на Црвен крст и Црвена полумесечина од сопствени средства уплати 3.000 евра како првична помош за настраданото население во Турција и Сирија, како и 20.000 евра на сметката на Турската Црвена полумесечина.

Од Црвениот крст информираат дека сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

· Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.

· како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

· За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина:зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, зимски церади, вреќи за спиење, столици на расклопување, креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, храна и средства за хигиена ( според минималните стандардите за хуманитарна помош).

Задолжително сите донирани артикли да бидат нови. Приоритет да се става на зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња, соопшти Црвениот крст на РСМ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Топлината поврзана со климатските промени го влоши ефектот од сушата во Аргентина

Следно

Општина Петровец изврши реконструкција на три улици

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop