Во турски Ван се гради архитектонска реплика на ерусалимската џамија „Купола на карпа“

November 23, 2024
1 min read

ВАН (АА) – Архитектонска реплика на џамијата „Купола на карпа“, која се наоѓа во светиот муслимански комплекс Ал Акса, во Кудс (Ерусалим), се гради во округот Геваш во Ван, Туркије, јавува Анадолу.

Идејата за изградбата е на Ниметула Уреј кој бил воодушевен кога ја посетил познатата џамија „Купола на карпа“ или „Кубетул Сахра“.

Џамијата се смета за една од првите, најверојатно и прва џамија со купола изградена во историјата на исламот. Изградена е од калифот Абдулмелик бин Марван во 691 година. Оваа џамија, односно нејзината камена купола, има облик на октагон со позлатен покрив.

Планирано е по завршувањето на изградбата на репликата во Ван, таа да служи како место за општествени и културни активности, но и за молитва.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските сили убија уште 120 Палестинци во Газа, билансот се доближува до 44.200

Следно

НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа 80 години од започнувањето со работа

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop