Судот му одобри кауција на поранешниот пакистански премиер Кан за случајот со корупција

1 min read

КАРАЧИ (АА) – Пакистанскиот висок суд денес му одобри кауција на затворениот поранешен премиер на земјата Имран Кан за случајот со корупција и нареди негово ослободување, според судските записи, јавува Анадолу.

Кан, заедно со неговата сопруга Бушра Биби, е обвинет за нелегално купување и продавање странски подароци. Двајцата ги негираат обвинувањата.

За овој случај Бушра Биби веќе е пуштена со кауција.

И покрај наредбата за ослободување, не е јасно дали поранешниот премиер ќе биде ослободен бидејќи му се суди и за низа други случаи, од корупција до тероризам.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

ГАЛЕРИЈА: Запленет автомобил, пиротехнични и распрскувачки материјали, цигари, лекови и фалсификати

Следно

Возачот на Палчо до Турција: „Му се јавив и го прашав што се случува, а тој ми рече дека е тешка местенка“

Latest from Blog

„Отровен воздух“

Скопје се разбуди прв во светот по загаден воздух. Граѓаните едвај дишат речиси низ целата држава.