Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал- мајор Лафчиски на Конференција на командантите на Јужното крило на НАТО

November 20, 2024
1 min read

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, учествуваше на Конференцијата на командантите на Јужното крило на НАТО, која се одржа на 19 и 20 ноември во Здружената команда на НАТО силите во Неапол, Република Италија.

На годинашнава координативна Конференција, која ја отвори командантот на Врховната сојузничка команда за операции, генералот Кристофер Каволи, беа дискутирани повеќе теми од стратешко значење за Алијансата, регионалните планови на НАТО, како и активностите под надлежност на Здружената команда на НАТО силите во Неапол.

Генералот Лафчиски, во рамки на агендата ги сподели нашиот придонес и ангажман, пред сѐ во  операциите, вежбите и иницијативите  кои се од заеднички интерес на сојузничките и партнерските земји, кои се дел од Јужното крило на НАТО.

          Воедно, на Конференцијата беа разгледани резултатите од Самитот на НАТО во Вашингтон, трансформацијата на командните структури, справувањето со секаков облик на безбедносни предизвици, меѓу кои и терористичките закани во зоната на надлежности на Здружената команда на НАТО силите, како и можностите за унапредување на регионалната соработка помеѓу сојузниците и земјите партнери со цел зајакнување на безбедносната состојба.

            Учеството на генералот Лафчиски на Конференцијата е особено значајно пред сѐ од аспект за јакнењето на нашата улога и придонесот во активностите на Здружените НАТО команди, со акцент на заедничките напори за зачувување на мирот и стабилноста во регионот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

НА ИЗЛОЖБАТА „ЌЕ МЕ (С)НЕМА“ ФОТОГРАФКАТА КЕТИ ТАЛЕВСКА-БАКРЕВСКА ГО ПРИКАЖА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Следно

ГАЛЕРИЈА: Запленет автомобил, пиротехнични и распрскувачки материјали, цигари, лекови и фалсификати

Latest from Blog

Божиновска ќе се сретне со американскиот секретар за енергетика на трансатлантски форум во Атина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе присуствува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина, Грција, по официјална покана од американскиот секретар

Шведска воведува затвор за 13-годишници

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во септември објави планови за намалување на возраста за кривична одговорност за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешка експлозија, од 15 на 13 години. Реформата на законот

Проданоски: Почит кон културното наследство на Прилеп – ѕвезда на Коста Смилески

Синоќа во Прилеп, заедно со членовите на семејството на Коста Смилески, беше откриена ѕвездата на патеката на познатите прилепчани, посветена на еден од најзначајните музички дејци на градот и македонската култура. Коста
Go toTop