Во Собранието продолжува дебата за владината реконструкција

February 16, 2023
1 min read

Собранието вечерва по 19 часот продолжи со работа во рамки на 104. седница за реконструкцијата на Владата, за која се дебатира веќе четири дена. По расправа од час и половина во рамки на попладневното продолжение на седницата, потпретседателот на законодавниот дом Горан Мисевски објави пауза и најави работа и по 19 часот.

На стартот на вечерашното продолжение на седницата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во процедурална реакција го обвини Мисевски за самоволие и злоупотреба на Собранискиот деловник.

Според Мицевски, Мисовски во отуство на претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е на службено патување во Словенија, немал право усно да објави продолжување на работата на Собранието.

Мицевски праша по кој член од Деловникот Мисевски ја продолжил работата на законодавниот дом и посочи дека така можел да постапи само со писмен документ од Џафери.

-Да имавте писмен документ од Џафери со факсимил и тоа е прифатливо. Не сте вие тие што можете после 18 часот да продолжите седница усно. Го кршите Деловникот по милијардити пат, рече Мицевски.

Неговата сопартијка Ели Панова побара Мисовски да ја прекине седницата, а одлуката на потпретседателот на Собранието ја критикуваше и Драган Ковачки.

Мисовски оцени дека тврдењата на Мицевски се неиздржани. Образложи дека постапил според член 71 став 2 од Деловникот според кој „во случај на спреченост или отсуство на претседателот, него го менува потпретседателот“.

-Претседателот ја прекинува седницата на барање на координатор, кога бараш пауза го бараш претседателот или мене?, рече Мисовски, посочувајќи му на Мицевски дека, како што рече, кога прд некој ден побарал порано да биде прекината седница поради обврска на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не го побарал претседателот на Собранието.

Пратениците се уште расправаат по првата точка на дневниот ред – предлогот за разрешување на членови на Влада, на досегашните министри за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. Тие се кадри на Алтернатива која ја напушти владината коалиција и ќе бидат заманети со министри од Алијанса за Албанците, новиот коалициски партнер во Владата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН бараат 1 милијарда долари за помош на милиони луѓе во Турција

Следно

Столтенберг за почетокот на руската инвазија на Украина: Тоа не беше изненадување, знаевме дека војната ќе започне

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop