УМЕТНОСТА НЕ ТРЕБА ДА Е ПРИВИЛЕГИЈА, ТУКУ ДА БИДЕ МЕЃУ ЛУЃЕТО – НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА СЛАВИ 120 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВАНГЕЛ КОЏОМАН

November 17, 2024
1 min read

Сто и дваесет години од раѓањето на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман ќе се одбележат на 19 ноември со изложба во Даут пашин амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ). Кураторка на изложбата е Александра Зиновски-Вилиќ, делата се изложуваат  после подолг период  и ќе трае до 20 декември.

Коџоман ѝ припаѓа на првата генерација академски образовани уметници, заедно со Димитар Пандилов, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски, а нешто подоцна и Василие Поповиќ-Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски и Љубомир Белогаски, кои се сметаат за основоположници на македонската модерна уметност.

Во творештвото на Вангел Коџоман тешко може да се издвојат одредени фази. Грубо, вели кураторката, тоа може да се подели на два временски периода: пред Втората светска војна до 1950 и од 1950-тите до 1980-тите години. Првиот е период кога во неговите дела се забележува академскиот реализам, како и постимпресионистичко влијание од белградската ликовна школа, додека вториот се карактеризира со веќе формиран личен колористички експресионизам кој преовладува во неговите дела, а со елементи од фовистичкото сликарство.

„Дрим во Струга“, масло на платно, 1939 година. (Фото: НГМ)

„Она што најмногу ќе го обележи творештвото на Коџоман е неговиот придонес во обработувањето на многу различни теми. Интересот кон сѐ што го опкружува со помош на својот сликарски занает вредно го бележи, црта, слика. Се чини дека не постои тема која тој не ја обработува или, пак, не се обидува да ја стави на хартија, на платно. Масло, пастел и акварел се техниките со кои ги работи своите дела на темите: актови, портрети, пејзажи, мртви природи, како и дела со мотиви од староградската архитектура, дела со социјална тематика и дела со историска содржина. Сепак, најпрепознатлив е по пејзажот и портретот, во кои ги остварува своите најголеми и најзначајни дела. Ликовниот опус на Вангел Коџоман е многу голем. Пред сѐ, тоа се должи на неговата мисла дека уметноста треба да биде меѓу луѓето, дека таа му припаѓа секому и дека не треба да биде ничија привилегија. Оттука ја црпи својата истрајност, дисциплинираност и посветеност кон работата“, вели Видиновски-Вилиќ.

Коџоман е роден на 14 февруари 1904 во Струга, а починал во 1994 во Скопје. Во 1930 во Белград завршил уметничка школа, како ликовен педагог работел во Охрид, Белград и Скопје. Во 1955-1956 бил на четиримесечен студиски престој во Париз. До 1972 предавал на Педагошката академија во Скопје. Во 1975 е избран за дописен член на МАНУ. Редовен член е од 1981. Во 1974 во неговиот роден град Струга е отворена Спомен-куќа со постојана ликовна поставка.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Меџити од Тирана: Владата одлучи да одвои 35 милиони евра за изградба на кампусот „Мајка Тереза“, а на седница во вторник уште 20 милони евра за плоштадот „Скендербег“

Следно

Пукање во Скопје, еден ранет – осомничениот веднаш уапсен

Latest from Blog

Тарт со модри сливи

Овој домашен тарт со модри сливи е едноставен, но богат со вкус и арома. Класична комбинација на нежно тесто и карамелизирано овошје, зачинета со цимет и ванила. Одличен избор за попладневно кафе

Работна посета на министерот Муцунски во Стразбур

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Стразбур, Франција. Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе присуствува и ќе се обрати

Битола повторно домаќин на европски квалификации по повеќе од три децении

Битола денеска станува центар на македонскиот фудбал – младинската репрезентација до 21 година ќе ја пречека селекцијата на Италија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Ова е првпат по цели 31

Во духот на традицијата: Штип достојно одбележа 34 години независност

9 Во штипската населба Балканска, во кругот на црквата „Свети Константин и Елена“, вчера беше одбележана 34-годишнината од Независноста на Република Македонија. Настанот започна со поздравни обраќања на повеќе истакнати говорници: претседателот

Атина два дена без такси превоз

Штрајкот е организиран од синдикатот на такси превозници (САТА) кои реагираат за министерската одлука со која им се дозволува на приватни комбиња да пренесуваат патници. Паралелно, бараат повлекување на конкретната одлука, но
Go toTop